Боркица Груевска, сопруга на екс лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски пред неколку дена беше забележана во скопски локал каде се забавуваше со свои пријатели до раните утрински часови, објави Скопје 1.
Боркица прв пат јавно се појави откако нејзиниот сопруг побегна во Будимпешта.
Поводот за ова вечерно журкање на Боркица е роденденот на еден скопски локал, кој се наоѓа во близина на станот каде таа живееше со нејзиниот сопруг.
Нејзини блиски пријатели ја опишуваат како многу скромна девојка. Никола и Боркица се заколнаа на вечна љубов на 10 мај 2007 година. Во јули годинава Груевски го бранеше докторатот на Економскиот факултет во Скопје. Го придружуваа двете ќерки и мајка му, но не и Боркица со што се интензивираа шпекулациите дека нивниот брак веќе подолго време е во криза.
Боркица живеела во населбата Тафталиџе со своите родители и нејзината сестра.
После една година, откако Боркица и Никола ја најавија нивната врска, беше организирана и свадба во хотелот Холидеј Ин, во Мај 2007 година, со околу 200 гости.
Првата ќерка А.Г ја добија на 6-ти ноември истата година, а пак втората, С.Г, на 4-ти февруари, 2010 година. И двете деца се родија во приватната гинеколошко – акушерска болница Систина, во Скопје.
На изненадување на сите во 2015 година Боркица станала магистер, односно ја одбранила магистерската теза на Филозофскиот факултет на темата „Современ пристап во менаџирањето со човечките ресурси во јавната администрација“.
Боркица беше во јавноста секогаш елегантна и средена, но таа сепак имала и дискутабилни модни избори како оној на приемот што го организираше поранешниот американски претседател Барак Обама.
Сепак во периодот од дванаесет години, јавноста не помни кога го има слушнато гласот на Боркица.
Таа ниту еднаш не се вклучи во општествените, хуманитарните, или било какви граѓански иницијативи и активности, кои по некое непишано правило ги превземаат сопругите на високите функционери, односно во нејзиниот случај, сопруга на премиер или втора дама, околу скоро една деценија.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.