Министерот Филипче потврди дека една од причините за нивното заминување се и кавга со други вработени на клиниката.

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 септември, 2020 16:14

Расправија со лекари ги натерало трите медицински сестри од инфективна да поднесат оставки

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Откако вчера во медиумите излезе веста дека медицинските сестри од Инфективната клиника во Скопје поднеле барање за отказ денеска Зорица Љубичиќ, Силвана Рогиќ, Дивна Бојчевска се трите медицински сестри кои си дадоа отказ од Инфективната Клиника во Скопје, денеска потврдија дека причините да си заминат од болницата, како што велат за Телма се непочитувањето на профилот медицинска сестра.

„Причината да ја напуштам клиниката по 28 години професионална посветеност се мноубројни, но би навела само една: деградирање и непочитување на профилот медицинска сестра, како една од најважните алки во медицинскиот тим“, вели за Телма Зорица Љубичиќ, главна сестра на инфективна.

Министерот Филипче потврди дека една од причините за нивното заминување се и кавга со други вработени на клиниката. Тој по средбата која со нив ја оствари утринава им ветил и подобар статус и очекува да се вратат на работа откако ќе ги искористат законските одмори.

Од почетокот на оваа криза, здравствените работници, сите и доктори и сестри, лаборанти, техничари покажаа што значи да се има капацитет, добро да се менаџира ваква криза, каква што никоја земја не ја очекуваше. Ваква криза на површина вади многу проблеми, и со тоа се соочивме од почетокот на кризата рече на денешниот брифинг со новинарите Венко Филипче.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

За граѓаните коишто аплицирале за субвенции за инвертери и ги исполнуваат условите во тек е процесот на предавање на старите печки кои користат нееколошки енергенси во замена за инвертер клима уреди за затоплување.

ПОДНЕСЕНИ 5000 БАРАЊА ЗА СУБВЕНЦИИ – ЗАВРШУВА ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ИНВЕРТЕРИ

Градот Скопје ги информира граѓаните дека завршува јавниот повик за доделување субвенции...

Оваа недела Шведска објави построги локални препораки за Упсала, универзитетски град на 70 километри северно од Стокхолм. Градот стана жариште на коронавирус откако студентите се вратија.

Швеѓаните ни мува не ги лази од КОРОНА- Филипче во паника, македонскиот здравствен систем пред колабс!

Иако бројот на лица заразени со коронавирус расте во земјата, Шведска останува на својот...

Во јули пак, на социјалните мрежи се прошири вест дека починал. За ,,Фокус”, во телефонски разговор тогаш порача дека не може да се изначуди каков свет има.

АМДИ БАЈРАМ: Заврши мојата ера, ама сите ќе ме памтат- ТИВКО ЗАМИНА И КРАЛОТ НА РОМИТЕ

Негов многу близок пријател и соработник, во телефонски разговор за ,,Фокус” ја потврди...