Повеќето тестови биле спроведени во Ломбардија, каде биле тестирани 70 проценти, додека Сардинија била на последното место со пет проценти, а извештајот не го вклучува регионот на Лацио, кој го спроведе тестирањето независно, наведува агенцијата Анса.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 септември, 2020 10:33

РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ВО ИТАЛИЈА: Околу 13 илјади вработени во училиштата заболени од Ковид-19!

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs/Tanjug

Во Италија досега се испитани скоро 50 проценти од вработените во училиштата за вирусот „ковид-19“, што е околу 500.000 наставници и не-наставен училишен персонал, а 2,6 проценти од испитаните, или околу 13.000 лица, се позитивни на вирусот.

Ова се податоците објавени од канцеларијата на италијанскиот специјален комесар за вонредни ситуации, Доменико Аркури.

Повеќето тестови биле спроведени во Ломбардија, каде биле тестирани 70 проценти, додека Сардинија била на последното место со пет проценти, а извештајот не го вклучува регионот на Лацио, кој го спроведе тестирањето независно, наведува агенцијата Анса.

Се очекува на 24 септември процентот на тестирани работници во училиштата на територијата на Италија да се зголеми на 60 до 70 проценти.

Како што беше најавено, од 14 септември, кога ќе започне училишната настава во поголемиот дел од Италија, ќе се доставуваат околу 11 милиони заштитни маски дневно, што ќе бидат потребни за учениците да влезат во училиште.

Бројот на нови случаи на дневна основа во Италија продолжува да расте, а според последните податоци, регистрирани се 1.597 нови случаи на ковид-19.

Во исто време, се разгледува можноста за скратување на траењето на карантинот во Италија од 14 на десет дена, за што ќе одлучува Научниот и техничкиот комитет на состанокот закажан  во вторник.

Препорака на Светската здравствена организација (СЗО) е 14-дневен карантин, заснован на достапни податоци за период на инкубација во просек од четири до пет дена, со горна граница од две недели.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Триесет милиони евра, пари обезбедени од Европската Унија, ќе бидат инвестирани во развојот на пограничните региони на Бугарија и Македонија во следните 7 години.

За прекугранична соработка Македонија – Бугарија 30 милиони евра од ЕУ

Меѓу приоритетните проекти е изградбата на новиот граничен премин „Клепало“ помеѓу...

Вкупната излезност на гласачите на изборите за Државната дума на Русија вчера до 20 часот по московско време изнесува 16,85 проценти, објави руската Централна изборна комисија.

Втор ден од изборите во Русија, вчерашната излезност 16,85 отсто

Рускиот претседател Владимир Путин вчера гласал електронски на руските парламентарни...

Идејата за ковид-сертификат првично беше поврзана со патувањата, но Италија многу брзо почна да ја применува на места како музеи, спортски сали и внатрешноста на рестораните!

Италија вчера воведе една од најстрогите мерки во светот

Италијанската Влада вчера донесе една од најстрогите анти-ковид мерки во светот, со...

Од своја страна, Рама, кој во континуитет ја критикува ЕУ и состојбата на двете земји ја споредува со драмата „Чекајќи го Годо“, оцени дека „ние сме заложници на национализмот внатре во ЕУ“.

МЕРКЕЛ СО ПОРАКА ОД ТИРАНА: МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА ГИ ИСПОЛНИЈА УСЛОВИТЕ ЗА ЧЛЕНСТВО

Германската канцеларка Ангела Меркел на заедничката прес-конференција со албанскиот...