Пожарот се проширил на околу 100 хектари, рече првиот човек на украинскиот чувар на животна средина Фирсов.

Објавил: Перо Милчин | 5 април, 2020 19:02

РАСТЕ РАДИЈАЦИЈАТА, ГОРИ ШУМАТА ВО ЧЕРНОБИЛ!

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs / Beta, Foto: Profimedia магазин

Шумски пожар избувна во евакуираната област во нуклеарната централа во Чернобил и доведе до зголемено ниво на зрачење, соопштија вчера украинските власти.

Пожарот се проширил на околу 100 хектари, рече првиот човек на украинскиот чувар на животна средина Фирсов.

Министерството за итни служби на Украина соопшти дека во центарот на пожарот се зголемени нивоата на зрачење и 130 пожарникари и два авиони го гаснат пожарот.

Пожарот избувна во таканаречената зона „2.600 квадратни километри“ околу централата во Чернобил.

Областа е евакуирана во 1986 година, кога, по експлозија на еден од четирите реактори, радиоактивни облаци покриваа поголем дел од Европа.
Оставени се 200 луѓе во ограниченото подрачје, и покрај налозите да ја напуштат областа.

Чернобилска несреќа е  најголемата несреќа во историјата на нуклеарните централи и до денес единствен случај на седми степен на нуклеарен настан според Меѓународната скала на нуклеарни настани.
На 26 април 1986 во 01:23:40 часот (22:23:40 по UTC) во нуклеарната централа во Чернобил ( 51°23′14″N, 30°06′41″E ), Украина дошло до експлозија.

По првата, дошло до ланец од неколку експлозии и пожари кои создале радиоактивен облак во атмосферата кој потоа се раширил над широк географски регион. Радиоактивниот облак бил 30-40 пати поголем од оној што настанал над Хирошима.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Италија ќе добие околу 20 милијарди евра според новиот европски план за ублажување на влијанието на пандемијата на коронавирус врз работните места, објави денеска премиерот Џузепе Конте.


20 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЗА ИТАЛИЈА ОД ЕУ: Тоа е голема помош за нашата земја!

Италија ќе добие околу 20 милијарди евра според новиот европски план за ублажување...

Сегашни и поранешни службеници на ЦИА изразија вџашеност поради сличноста помеѓу настаните дома и знаците за опаѓањето на демократијата кои се обучени да ги забележуваат кај други нации.

Ситуацијата во Америка им е вознемирувачкa!

Ситуацијата во Америка им е вознемирувачки позната на аналитичарите на ЦИА навикнати...

Затоа, воведените мерки немаат никаква врска со вирусот! Но, главниот производ на овие мерки е паника а таа е опасна.

ШОКАНТЕН АПЕЛ ОД ГЕРМАНСКИ ДОКТОР: Коронавирусот е плод на мафијашка измама!

Група германски лекари основаа здружение чија цел е да му ја кажат на светот вистината...