Раул Гонзалез на тренерското столче пристигна на местото на Лино Червар и ја водеше Македонија на две големи натпреварувања – ЕП 2017 и СП 2018 година.

Објавил: Рејхан Бајрами | 4 февруари, 2019 16:22

Раул Гонзалез ја напушти Македонската ракометна селекција

Фото/Текст извор: ©онлине /магазин

Ракометната Федерација на Македонија ја извести јавноста дека македонската куќа на ракометот и селекторот на машката сениорска машка репрезентација, Раул Гонзалез ја прекинале соработката.

Македонија по крајот на мундијалот заврши на 15. позиција, РФМ и Гонзалес имаа разговори и решија дека е потребна промена на тимот.Oд Ракометната Федерација на Македонија велат дека машката А-селекција има потреба да има стратег кој секојдневно ќе биде посветен и во тек со сите случувања, поврзани со репрезентацијата. Исто така голем проблем претставувала и оддалеченоста и професионалните клубски обврски на досегашниот тренер.

Раул Гонзалез беше на местото на Лино Червар и ја водеше Македонија на две големи натпреварувања – ЕП 2017 и СП 2018 година.

Од РФМ му се заблагодарија на Гонзалес за досегашното работење со нашиот тим и му посакаа се најдобро.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Со оваа победа Македонија, веројатно, го обезбеди четвртото место и ги остави зад себе Бахреин и Јапонија освен, се разбира, некој од нив не направи чудо против фаворитите.

Македонија воскресна! „Смачкан„ Бахреин, Македонија е жива!

Македонија се радува на победа и во вториот натпревар од Светското првенство во Германија...

Капитенот на Вардар Стојанче Стоилов вчера остро реагираше на друштвените мрежи, по повод одлуката за Уставни измени за преименувањето во Северна Македонија.

Стојанче Стоилов: “За мене секогаш ќе биде Република Македонија!”

Македонскиот ракометен репрезентативец,Стојанче Стоилов кој е познат по цврстиот...