Рахиќ додава дека сега во притворот има 18 жени, што е најголем број на притворенички досега, а затворот Шутка е ограничен со капацитетите за сместување.

Објавил: Перо Милчин | 24 август, 2019 18:24

РАХИЌ: КАТИЦА ВО ПРИТВОР СО 18 ЖЕНИ – во секоја ќелија има по 4, 5 до 6 жени!

Фото/Текст извор: ©р.с европа

Затоа што е лице од посебен интерес поради безбедносна проценка специјалната обвинителка Катица Јанева не е сместена во женското притворското одделение, вели директорот на истражниот затвор Скопје, Есад Рахиќ во интервју за Радио Слободна Европа.

Во посебен оддел, со уште една приведена, специјалната обвинителка Катица Јанева ги минува деновите во притвор.

Јанева не е во женското одделение, таа е во посебен оддел поради безбедносна проценка на затворската управа, изјави директорот на истражниот затвор Скопје Есад Рахиќ, во интервју за Радио Слободна Европа што в целост ќе се емитува в недела.

„Во принцип ниедно притворено лице не е само. Секогаш мора да има уште еден. Меѓутоа, со оглед на тоа дека станува збор за личност која била специјален обвинител, од посебен општествен интерес, и бидејќи тоа е така брзо направено, ние сметавме дека во еден временски период ние треба да направиме комплетна проценка од безбедносен и здравствен аспект, вели Рахиќ.

Тој додава дека сега во притворот има 18 жени, што е најголем број на притворенички досега, а затворот Шутка е ограничен со капацитетите за сместување.

„Тоа се поголеми одаи да не речам ќелии во кои има по 4, 5 до 6 жени. Знаете, малку е незгодно, има различни профили на жени, имате женски лица осудени за убиства, имате за изнуда, знаете малку е тешко да вклопите еден таков профил како Јанева меѓу тие лица. Но ние си ја вршиме нашата работа, таа е сместена на најдобар начин на кој ние можеме да сториме,“ вели Рахиќ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Од МВР потврдија дека на Бујар Османи ќе му биде поднесена прекршочна пријава поради кршење на Законот за патен сообраќај.

Османи заработи прекршочна пријава за зборување по телефон додека вози

Бујар Османи си заработи пријава за сторен сообраќаен прекршок по законот за безбедност...

Тој во моментов работи и во затворот во Идризово, а два пати во неделата доаѓа и во Истражниот затвор во Шутка.

Ова е затворскиот пензиониран психијатар кој ја лекува Катица Јанева во Шутка!

Затворскиот психијатар Мирко Треневски кој пред половина година замина во пензија,...

Таа пред своите колеги тогаш истакна 'Се може да пропадне само СЈО не'. Убедливо и решително се обрати тогаш Катица Јанева на своите колеги во изјава дадена пред целиот колектив пред околу 3 години.

ВИДЕО: Јавно ветување кое Катица Јанева не го исполни и ги извиси своите колеги

Разрешената обвинителка Катица Јанева која беше на врвот на СЈО, по се изгледа не си...