Рашковски пак тврди дека обвинителството крие докази. Се изјасни за невин и од судот побара на лице место да биде утврдено дали двата софтвери работат.

Објавил: Рејхан Бајрами | 14 март, 2022 18:38

РАШКОВСКИ: АПСОЛУТНО НЕ СУМ ВИНОВЕН, БАРАТЕ ЦРНА МАЧКА ВО ТЕМНА ПРОСТОРИЈА

Фото/Текст извор: ©24 вести

По две одложувања денеска во Кривичниот суд Скопје започна судењето на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски и уште шестмина други, обвинети за злоупотреба на службената положба и за перење пари.

Шефицата на обвинителството за гонење организиран криминал Вилма Русковска која денеска ја менуваше Ивана Трајчева на која и’ е истечен мандатот е сигурна дека ќе докаже дека обвинетите местеле тендери и незаконски исплаќале и примале хонорари од Владата. Русковска тврди дека и три години по набавката на двата спорни софтвери тие не функционираат.

Рашковски пак тврди дека обвинителството крие докази. Се изјасни за невин и од судот побара на лице место да биде утврдено дали двата софтвери работат. 

„Многу е тешко да најдете црна мачка во црна просторија. Уште потешко е да ја најдете ако ја нема. Во текот на судењето ќе докажеме дека црна мачка не постои. Многу релевнатни докази се сокриени од судот и од нас, односно известувањето до Јавното обвинителство дека двата софтвери се ставени во функција.“ – изјави Драги Рашковски.

За останатите шест обвинети, Рашковски рече дека не може да ја објасни поврзаноста со нив и дека не му е јасно зошто тие се на обвинителна клупа. Тие пак, исто како и Рашковски, се изјаснија како невини.

Според обвинението, обвинителниот акт, Рашковски ја злоупотребил функцијата генерален секретар на Владата при спроведување на четири тендери меѓу кои и оној за набавка на системот за биометриска идентификација на граѓаните како и софтвер за брзо возење и казнување на возачите.

Рашковски сам си отиде од Владата кога во април минатата година поднесе оставка од функцијата генерален секретар на Владата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести