Генералниот секретар на Владата

Објавил: Узунов Бобан | 18 септември, 2019 12:57

РАШКОВСКИ ВО ТЕСНО: Јавното обвинителство отвара предмет за набавките на радарските системи.

Фото/Текст извор: ©магазин

Основното јавно обвинителство информира дека по реакциите во јавноста во кои обвинителството се повикува да го расветли случајот со спорниот тендер за набавка на радарски систем, веднаш по објавената аудио-снимка е отворен предмет по допрен глас.

Во меѓувреме, како што стои во соопштението од Обвинителството, кон овој предмет е споена и кривичната пријава поднесена од страна на политичка партија.

Во август надлежниот јавен обвинител што постапува по предметот до Министерството за внатрешни работи издаде Наредба за прибирање на севкупната документација за предметот. Воедно е наредена и темелна анализа на документацијата, по што обвинителството ќе донесе мериторна јавнообвинителска одлука за понатамошниот тек на постапката.

Во случајот со тендерот за набавка на радарски систем е вмешан и генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, за што беа објавени и аудио снимки.

После објавување на разговорите Рашковски го лоцираше кртот во неговите редови ?

“Разговорот е снимен од Климент Чепуњовски, разрешен директор на техника во МНАВ баш поради предизвикување на сериозен инцидент, за кој има извештај подготвен од Комитетот за воздухопловни несреќи.

Неколку појаснувања.

Тендерoт и изборот на најповолен понудувач се направени во 2016 година. Од тогаш поради за нас познати причини, никој не го потпишува договорот за набавка на нов радарски систем.

Новиот директор на техника Климент Чепуњовски свесен за состојбата со техниката, намерно не го потпишува договорот и праќа навредливи писма кон ЕБРД (за тоа докази во текот на утрешниот ден) и прави други незаконски дејствија за кои има докази до обвинителство.

Со оглед на тоа дека опремата е неопходна за нормално функционирање на авионскиот соообраќај, ПО ЗАДОЛЖЕНИЕ НА ВЛАДА, а не самоволно се организира состанок во мојата канцеларија (кој Климент го снима но намерно го сече делот каде што тој збори) и на состанокот НЕ СЕ ДОГОВАРА НИКАКОВ ТЕНДЕР туку се збори за ДИНАМИКАТА НА ИСПОРАКА НА ВЕЌЕ ЗАВРШЕНА ПОСТАПКА ОД 2016 година, затоа што по вина на Климент Чепуњовски, не се потпишува договорот за испорака.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Миле Јовановски и Виктор Стојчев се соседи. Јовановски е обвинет дека физички го нападнал Стојчев и тешко го повредил. Сведок на настанот бил и Боки 13, кој денес заради економичност на постапката не беше спроведен од затворот во Шутка каде што е во притвор како обвинет во „Рекет“. Но, тој ќе сведочи понатаму, пишува СДК.мк

НЕ СУМ СТАЛОНЕ ДА ГО ИСТЕПАМ ПОПОТ ЗА МИНУТА – вака дрско одговори таткото на Боки 13 по судењето за физички напад

Без воопшто да го извести судот, скопската обвинителката Имран Османи едноставно не...

Двајца возачи на патничко моторно возило, сопатник и еден пешак биле тешко повредени во четири од вкупно 30 сообраќајни незгоди што изминатиот викенд се случиле на подрачјето на СВР Скопје.

КАДЕ ЌЕ МУ ОДИ ДУШАТА: Со автомобил помина на црвено, удри пешак кај Соборна и избега

Сообраќајна несреќа се случила денеска на раскрсницата кај Соборен Храм. -Пред 5 мин....

Исто така една изборна единица е предлог од 12 пратеници меѓу кои има и вонпарламентарни а според нив ќе обезбеди плурализација, поголем избор за граѓаните и демократизација.

Изборите повторно без попис – Македонците повторно не избројани

Одлуката за предвремени парламентарни избори токму во април кога конечно требаше...