Гаранција се нуди во однос на околноста опасност од бегство, но во случајот на Рашковски, покрај ова, второстепениот суд смета дека сѐ уште постои опасност тој да влијае на сведоците или на истрагата.

Објавил: Рејхан Бајрами | 4 јуни, 2021 17:51

Рашковски од Шутка оди во куќен притвор

Фото/Текст извор: ©360

Гаранција се нуди во однос на околноста опасност од бегство, но во случајот на Рашковски, покрај ова, второстепениот суд смета дека сѐ уште постои опасност тој да влијае на сведоците или на истрагата

Ексгенералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, од ефективен притвор во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари заминува во куќен притвор. Одлуката за замена на мерката Апелација ја донела денеска и веднаш ја испратила до Основниот кривичен суд во Скопје, потврдуваат за „360 степени“ од второстепениот суд.

Решението за замена на притворот стигнало и во затворот во Шутка од каде што велат дека очекуваат полициски службеници набрзо да пристигнат и да го спроведат Рашковски во домот каде што ќе го издржува куќниот притвор.

Понудената гаранција од 500 илјади евра, за која објави порталотне била разгледувана. Како што велат од Апелацискиот суд во Скопје, гаранција се прифаќа кога се укинува притворот, без разлика дали е ефективен или куќен, па со оглед дека е донесена одлука Рашковски да замине во куќен притвор, апелациските судии воопшто и не ја разгледувале.

Гаранција се нуди во однос на околноста опасност од бегство, но во случајот на Рашковски, покрај ова, второстепениот суд смета дека сѐ уште постои опасност тој да влијае на сведоците или на истрагата.

Одлуката значи и дека апелациските судии не се согласиле со проценката од Вишото јавно обвинителство за кое информиравме дека се согласило ексгенералниот секретар на Владата да излезе од притвор со гаранција.

Зошто се гони Рашковски?

Драги Рашковски беше генерален секретар на Владата од 2017 до 2020 година. Во актуелната влада, на таа позиција го наследи Мухамед Зеќири, а Рашковски доби позиција во премиерскиот кабинет која досега не беше позната за јавноста – секретар во кабинетот.

На почетокот на март годинава, „360 степени“ објави сторија дека Драги Рашковски како генерален секретар купил софтвер за автоматско казнување на сообраќајни прекршоци кој ниту некој му го барал ниту, пак, некој го користи. Министерството за внатрешни работи, кое единствено може да казнува во сообраќајот, беше децидно дека не побарале такво нешто од Рашковски ниту имаат намера да го користат тоа што го купил.

Дополнителните новинарски истражувања на „360 степени“ покажаа дека софтверот купен за околу 81 000 евра, всушност, во многу наликува на патент кој Драги Рашковски како иноватор го регистрирал во Државниот завод за индустриска сопственост.

Понатаму, откривме и дека софтверот бил платен непосредно пред изборите на 15 јули уште пред да биде тестиран, иако според тендерската документација требало да биде обратно – прво успешен тест, па потоа плаќање.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Со прогласување на кризната состојба државата ке може да ги искористи и приватните субјекти и нивните капацитети за справување со алрамантната ситуација со пожарите во земјава

Управувачкиот комитет побара кризна состојба во следните 30 дена

Безбедносните институции во земјава поради ситуацијата со пожарите сепак  предлагаат...

Бугарскиот претседател Румен Радев остварил разговор со неговиот македонски колега Стево Пендаровски во врска со големиот пожар кај Кочани, соопшти Кабиентот на Радев.

Бугарската влада ќе испрати 25 пожарникари во Македонија

По наредба на преодниот премиер Стефан Јанев, Бугарија испраќа поддршка за Република...

Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата...