Канал 5 останува отворен за сите политички и општествени чинители како во своите Вести така и во останатите мега успешни информативни проекти „Само Вистина“, и „Само Интервју“.

Објавил: Рејхан Бајрами | 10 април, 2021 17:45

Рашковски прифати, па откажа гостување во „Само Вистина“ и „Само Интервју“

Фото/Текст извор: ©kanal 5

Поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, иако првично прифати, го откажа гостувањето во Канал 5 ТВ.

Веднаш по информацијата дека тој заминал на одмор во Мексико, во ек на аферата за набавката на софтверот, Канал 5 стапи во контакт со Рашковски кој изрази подготвеност веднаш по враќањето да се појави на ТВ дуел со претставник на ВМРО-ДПМНЕ.

Потврда за ова Канал 5 доби на 31 март, но потоа од за нас непознати причини, тој се предомисли. Како алтернатива, а се во интерес на јавноста и одговорите што ги должи, му беше понудено гостување во „Само Интервју“ на 9 април, што првично исто така беше прифатено, и од тие причини најавено на нашата програма.

Но, за жал, Рашковски по неколкудневна интензивна комуникација на 6 април, во вторникот, не информираше дека нема да може да гостува поради “објективни причини” и дека „жали но ќе мораме да си бараме друг гостин“. Колку причините на Рашковски се објективни, останува прашање на кое само тој го има одговорот, но факт е дека Канал 5 направи се што беше во нашите можности да се реализира гостувањето, во било која форма – дуел или интервју, што впрочем му беше и понудено.

Оттаму, со индигнација ги отфрламе сите обиди на одредени политички и самонаречени „медиумски“ експоненти, на било каков начин, да го нарушат интегритетот на телевизијата, импутирајќи некаков притисок од владејачката структура.

Дополнително, сите алузии за некаква наша поврзаност со било каков политички или економски субјект го сметаме за директен атак врз работата на нашиот вистински балансиран , според позитивните законски прописи – медиум, и директен упад во уредувачката политика.

Канал 5 останува отворен за сите политички и општествени чинители како во своите Вести така и во останатите мега успешни информативни проекти „Само Вистина“, и „Само Интервју“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Ние имаме договор со Заев како премиер, а не како градоначалник на Струмица. Тој барем уште некое време ќе треба да ја води Владата

Османи: ДУИ очекува Заев да продолжи да ја води Владата

Министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи, вчера во дебатниот...

Мицкоски истакна дека пратеникот Кастриот Реџепи не само што го погазил сопствениот збор поради материјални придобивки, туку го погазил и зборот на политичката партија БЕСА која што за разлика од него на денот на гласање пристигна во Собранието на Република Македонија.

Мицкоски: Власта сама себе се бојкотираше, пратеник како во Боливија читаше напишана изјава

Во вчерашното издание на дебатната емисија “Топ тема” гостуваше претседателот на...