Од 2007 година во УСЈЕ е поставен независен автоматски систем  за мониторинг на емисии во воздухот (прашина, SO2 и NOx). Сите наши операции се мониторираат 24 часа, 365 дена во годината.

Објавил: Македонка Димкин | 7 март, 2019 12:49

Реакција од УСЈЕ: вашите информации не кореспондираат во целост?!

Фото/Текст извор: ©магазин

Во врска со вашиот текст со наслов „Откривме кој го труе Скопје со отровен чад од јаглен – 291 камион“ објавен на вашиот портал www.magazin.mk, на 05.03.2019 година, во интерес на точно и правилно информирање, сакаме да посочиме факти во врска со нашето работење, кои не кореспондираат во целост со одредени тези изнесени во текстот.

Компанијата „УСЈЕ“ од 2011 година поседува Интегрирана еколошка А дозвола. Овој документ гарантира целосно хармонизирање со домашното законодавство и стандардите на ЕУ во областа на животната средина. Истовремено, имплементирањето на еколошката А дозовола подразбира воведување и почитување на строго контролиран процес на производство, водејќи сметка за сите сегменти, вклучувајќи ги и енергенсите кои ги увезуваме, а кои се користат во производниот процес, за што Вие пишувате.

Истовремено, користењето на енергенсите во УСЈЕ е точно пропишано во нашата дозвола. Сакаме да потенцираме дека за разлика од домаќинствата, користењето на енергенси во индустриски капацитети е многу поразлично, бидејќи постојат специјални системи и филтри за целосно контролирање на процесот и емисиите. Компанијата има современи вреќести филтри, кои се автоматски поврзани со целокупниот процес, и доколку од која било причина тие не функционираат – процесот на производство автоматски запира. Тоа јасно укажува дека не постои можност, за функционирање на производниот процес надвор од јасно утврдените правила и законски параметри.

Од 2007 година во УСЈЕ е поставен независен автоматски систем  за мониторинг на емисии во воздухот (прашина, SO2 и NOx). Сите наши операции се мониторираат 24 часа, 365 дена во годината. Опремата од независниот автоматски мониторинг е од производителот SICK – Maihak од Германија, а одржувањето и калибрацијата на инструментите го врши надворешна компанија, која има авторизација од производителот и е акредитирана од Институтот за стандардизација на Република Македонија (ИСРМ).

Цементарница УСЈЕ АД Скопје е основана во 1955 година недалеку од копот за лапор северозападно од Скопје. Цементарница УСЈЕ АД Скопје претставува извонреден пример на компанија со одржлив развој. Нашите постојани вложувања во производната технологија, започнување и спроведување на разновидни проекти во сферата на заштитата на животната средина, развој на заедницата и останати проекти во областа на Корпоративната Општествена Одговорност

Наводите во насловот, што сугерираат конкретна констатација се целосно невистинити. Во текот на јануари 2019 кога во Скопје беше забележана најголема концетрација на ПМ 10 честичките, УСЈЕ вршеше редовен годишен ремонт и не работеше, во периодот од 05.01.2019 до 10.02. 2019 година. Освен овој непобитен факт дека компанијата не е причинител на високата концетрација на ПМ 10 честичките во Скопје, истото го потврдува и споредбата на податоците од индикативните мерења во кругот на фабриката и оние надвор од неа. 

Сите мерења од работењето на компанијата се јавно достапни на страницата на компанијата, http://www.usje.com.mk/NedelniIzvestaiEmisii.html, а се достапни и до медиумите.

Работењето на Цементарница УСЈЕ внимателно се следи во континуитет и од страна на Државниот  инспекторат за животна средина. Сите контроли утврдија дека УСЈЕ во целост ги исполнува законски предвидените обврски и во просек емисиите се неколку пати пониски од законски дозволените граници. Покрај тоа, во Цементарница УСЈЕ се спроведува и мониторинг на квалитетот на амбиенталниот воздух преку индикативни мерења на ПМ 10 честичките во кругот на фабриката, а местото на мониторинг е определено од страна на регулаторот. Овие мерења се дополнително потврдени и со мерења од страна на акредитирана лабараторија. Со повеќегодишно следење, утврдено е дека работењето на компанијата нема никаква корелација со измерените ПМ 10 вредности во амбиенталниот воздух во околните населби и во градот Скопје.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Граѓанските активисти уште од 2016 та година алармираа дека објектот е дивоградба и прекршува низа закони, но освен Јавното обвинителство кое поднесе кривични пријави за инвеститорот

НАДЛЕЖНИТЕ ГАЈЛЕ НЕМААТ: Завршува изградбата на џамијата во Охрид!

Додека институциите со години си ги префрлаат надлежностите и замижуваат пред проблемот,...

Синоќа беше почуствуван земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала  во околината на Пехчево и Берово.

Земјата се тресеше – земјотрес ја стресе Македонија

Синоќа беше почуствуван земјотрес со интензитет од три степени според Европската...