Заев е подготвен да ја плати секоја цена, ама тоа ако може да го плати со туѓи синови и ќерки, и на туѓ грб само за да ја спаси својата кариера, а таа кариера нему му обезбедува власт и пари.

Објавил: Рејхан Бајрами | 28 ноември, 2020 20:10

Реалноста во Македонија се одликува со криза, живот на рати и политички поделби, вели Мицкоски!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

За да владините функционери и Заев обезбедат иднина, прво треба да ја согледаат реалноста, а реалноста во Македонија се одликува со криза, живот на рати, политички поделби и откажувања, порача денеска на протестот од Скопје лидерот на Вмро-Дпмне, Христијан Мицкоски!

ицкоски ги повика граѓаните масовно да учествуваат на антивладините протести и навести дека викендов ќе биле носени клучни одлуки на штета на државата.

Зоран Заев не е во можност себе си да си обезбеди иднина, а не пак на Македонија и народот.

Заев стана изолиран со платеници и клиентелисти во личната битка за задржување на фотелјата наместо битка за спасување на државата, вели тој!

Мицкоски рече дека Заев е подготвен да ја плати секоја цена, ама тоа ако може да го плати со туѓи синови и ќерки, и на туѓ грб само за да ја спаси својата кариера, а таа кариера нему му обезбедува власт и пари.

Наместо да кажува дека обезбедува иднина и да ни ја ревидира историјата Зоран Заев треба да замине во историјата и да се тргне од премиерската функција. Колку навреди треба да искажат бугарските политичари Захариева и Каракачанов за да му текне на Заев дека овој народ го плаќа?

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со остри пораки во антивладиниот протест што се одржа во главниот град.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Мицкоски додаде дека имајќи во предвид дека сите држави во околинава го одложија пописот, требаше да власта да биде барем малку паметна и да го одложи овој попис. Мицкоски исто така апелираше до меѓународната заедница да ја вразуми власта, бидејќи власта не ги слуша граѓаните и опозицијата.

Мицкоски: Скандал е што партиски луѓе ќе спроведуваат државен попис

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по вчерашната средба со здравствените...

ЛДП инаку, вчера соопшти дека донесе одлука за самотојно делување на своите пратеници Моника Зајкова и Боби Мојсоски, но и дека таа одлука датира од август минатата година, а дека не била реализирана од „објективни причини”.

Трајанов: Одлуката на ЛДП е исправна – и другите партии ќе се двоиме

Мислам дека одлуката на Либерално – демократската партија е исправна и дека полека...

Очекувам надлежните институции во најкус можен рок да спроведат истрага за целосно расветлување на случајот и доколку бидат констатирани какви било пропусти од страна на надлежните институции да биде преземена одговорност.

Пендаровски: Наскоро очекувам апсење на Мијалков!

По Мијалков се трега и со национална и со меѓународна потерница и засега МВР нема одговор...

Тој потенцира дека е потребен нов почеток, нова енергија, бунт на чесниот народ против нечесните, стануваат обесправените, против оние кои носат неправда.

Не ме интересира власт, моќ и функции, ме интересира да си ја спасиме и кренеме државата, да обезбедиме и создадеме иднина

Мораме да ја обезбедиме иднината. Мора да се излезе од тињата во која сите не ставија....