Со оваа голема победа Реал Мадрид успеа да ја освои својата трета по ред титула во ова натпреварување, вкупно четврта, а претходно во Интер-континтеналниот Куп има и три трофеи.

Објавил: Сара Фемина | 22 декември, 2018 22:32

Реал Мадрид по трет пат постана светски клупски првак

Фото/Текст извор: ©онлине магаѕин

Со триумфот од 4:1 во финалето против Ал-Аин од ОАЕ, екипата на Реал Мадрид трет пат по ред успеа да ја освои титулата светски клупски првак.

Пет години по ред триумфираат шпански тимови во финалето (еднаш Барселона и четири пати Реал).

Светскиот шампион Реал Мадрид триумфираше благодарение на головите на Модриќ во 14 минута, Љоренте во 60’, Серхио Рамос даде гол во 78 минута, и потоа автогол на Надер во судиското надополнување. Ал-Аин само успеа да намали во 86. минута тогаш на 3:1 преку Шоитани.

Реал Мадрид е најголем и најуспешен фудбалски тим во светот според истражувањето на Универзитетот Харвард спроведено во 2007 година.Исто така е еден од најбогатите во светот.Фудбалски клуб Реал Мадрид попознат и како Реал Мадрид и Los Blancos (Белите) е професионален фудбалски шпански тим од Мадрид. Клубот е основан во 1902 година и игра во Шпанската Премиера. Тој е најуспешниот шпански клуб, со 32 национални шампионски титули, деветнаесет пати бил освојувач на Кралскиот куп (Копа дел Реј) и рекордни 12 пати победувал во Лигата на шампиони. Реал Мадрид е еден од основачите на Г-14, која претставува група од 14 водечки екипи во Европа

За најдобар играч на Светското клупско првенство беше прогласен Герет Бејл од победничкиот тим.Клубот своите домашни натпревари ги игра на стадионот „Сантјаго Бернабеу“ во Мадрид. На 23 декември 2000 година, ФИФА го наградила кралскиот тим со наградата “Најдобар клуб во 20-тиот век“. Реал Мадрид е најуспешниот тим во сите натпреварувања организирани од УЕФА, со освоени 10 титули во Лигата или Купот на Шампионите и две во Купот на УЕФА.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фудбал

Во текот на кариерата, Донезете играше за солиден број на клубови, а најголем успех оствари со Сао Паоло во 2005 година кога стана светски шампион, кога го победија Ливерпул со 1;0.

ШОКАНТНО ПРИЗНАНИЕ НА ПОЗНАТИОТ ФУДБАЛЕР: Продадов златен медал за да купам – кокаин!

Шокантна исповед на поранешниот бразилски фудбалер Флавио Донизете се појави во јавноста,...

Освоивме 3 титули во ПМФЛ и успеавме да се пласираме во Лига Европа во 2017 година , пласман кој ќе остане запаметен во спортската историја на државата

САМСОНЕНКО ОФИЦИЈАЛНО СЕ ЗБОГУВА ОД ВАРДАР: Го оставам клубот на Град Скопје- Ви благодарам за се!

Сергеј Самсоненко преку соопштение на интернет страницата на ФК Вардар, објави дека...

Ако се земе предвид дека Гатузо заработува 125.000 евра месечно и невозможно е да се знае кога ќе заврши сезоната поради коронавирусот, јасно е дека тој се откажал од вистинско богатство.

Гатузо ја расплака Италија- се откажа од богатство за да не им се намали платата на вработените во клубот!

Џенаро Гатузо, тренер на Наполи и легенда на италијанскиот фудбал, ја воодушеви својата...

Администрацијата на Тотенхем, чиј стадион е еден од најмодерните во светот, разговараше со официјалните лица за употребата на стадионот.

ПОТЕГ ЗА ПРИМЕР: Тотенхем го понуди својот стадион на здравствените работници за борба против Коронавирусот!

Фудбалскиот клуб Тотенхем го понуди својот стадион на здравствените власти да помогнат...