Со предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Град Скопје за 2020 година вкупниот буџет се зголемува за 81 милиони денари, што претставува зголемување од 1% во однос на првичниот буџет.

Објавил: Рејхан Бајрами | 27 октомври, 2020 12:03

РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ И АКЦИСКИОТ ПЛАН ЗА ЗЕЛЕН ГРАД ПРЕД СОВЕТНИЦИТЕ НА ГРАД СКОПЈЕ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Измена и дополнување на буџетот на Град Скопје за 2020 година, како и Акциски план за Зелен град се дел од точките за кои ќе се расправа на 57-та седница на Советот на Град Скопје, која ќе се одржи денеска преку конференциска врска.

Со предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Град Скопје за 2020 година вкупниот буџет се зголемува за 81 милиони денари, што претставува зголемување од 1% во однос на првичниот буџет.

Зголемување се предлага и во буџетот на кредити, (245 милиони денари) за изградба и реконструкција на повеќе улици и булевари низ Градот Скопје. Зголемувањето се врши и во буџетот на дотации (4 милиони денари), заради буџетирање на дел од непотрошениот вишок на приходи од минатата година во културата. Основниот буџет е намален за 167 милиони денари, при што се предлагаат повеќе измени по програми и проекти согласно со проценетата динамика на реализација на започнатите проекти и роковите на извршување на склучените договори.

Заедно со ребалансот на буџетот на Град Скопје за 2020 година, Советот ќе расправа и за Предлогот за изменување и дополнување на Планот на програми за развој за периодот ‎2020-2022 година, со кој се предвидени измени во предвидените финансиски средства за подолготрајните проекти чија реализација се одвива низ повеќе фази во текот на две или на повеќе години.

Советот на Град Скопје денеска ќе расправа и за Акцискиот план за Зелен град, кој се изработува во соработка со ЕБОР од март 2019 година, како дел од учеството на Градот во програмата на ЕБОР за зелени градови. Скопје е првиот град во Северна Македонија кој се приклучи во зелените градови на ЕБОР и го започна развојот на Акцискиот план за зелен град (GCAP). Акциониот план ќе му помогне на Скопје да ги утврди, да им даде приоритет и да одговори на неговите најитни предизвици во поглед на животната средина.

Истиот има за цел да се справи со најакутните предизвици од климатските промени и животната средина како што се: управувањето со цврст отпад, водата и отпадните води, градските патишта и осветлувањето, градскиот превоз, намалување на локалното загадување, подобрување на енергетската ефикасност и искористеноста на ресурсите, како и промовирање на приспособувањето на климатските промени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Расправата, согласно Деловникот на Собранието, во Комисијата може да трае до 10 работни дена, потоа со дополнување, доколку има прифатени амандмани, ќе се расправа на пленарна седница.

Догодина ќе се троши најголемиот Буџет во износ од 4 милијарди и 25 милиони евра

Следната недела почнува собраниската расправа по Предлог-буџетот за наредната година. Расправата...

Очекуваме да се зголемат перформансите на нивното работење со влез на приватен капитал, тоа може да биде до 100 % откупување, може да биде јавно-приватно партнерство, државата да задржи еден дел, а под концесија да се даде друг дел и слично.

Заев: Со странски инвестиции во дел од државните претпријатија наместо неефикасни ресурси ќе добиеме капацитети во функција на развојот

Претседателот на Владата, Зоран Заев вечерва заедно со министерот за финансии,...

Владата согласно приоритетите се фокусира на имплементација на капиталните инфраструктурни проекти во патната и железничката инфраструктура, енергетската и комуналната инфраструктура, како и капитални инвестиции за подобрување на условите во здравствениот, образовниот и социјалниот систем, земјоделството, заштитата на животната средина!

Буџетот за 2021 е избалансиран, со фокус на здравствениот систем, економијата и капиталните инвестиции

Буџетот за 2021 е избалансиран, со фокус на здравствениот систем, економијата, капиталните...

Поддршката по вработен ќе изнесува од 14.500 до 21.776 денари, односно до 17.410 денари кај самостојните вршители на дејност. Рокот за поднесување барања е до 10 во месецот, а поддршката ќе се исплаќа до 15-ти во тековниот месец за претходниот месец!

Стартува четвртиот пакет економски мерки за компаниите

Стартува со реализација четвртиот пакет мерки за поддршка на граѓаните, стопанството...