Оставена на милост и немилост Виолета вели дека мора да се снаоѓа сама, и да функционира без лекот кој и е неопходен. Вели и покрај тоа што министерот за здравство вели дека нема недостиг на лекови во државата, и дека се спремни за моменталната ситуација со Коронавирусот, сепак таа во секоја аптека го добива истиот одговор: Лекови нема!

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 април, 2020 14:47

РЕВОЛТИРАНА СКОПЈАНКА: Стравувам за својот живот, лековите кои ги користам ги нема во аптеките, сите залихи се на инфективно за лечење на пациентите заболени од Коронавирус!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото здравство.мк

Револтирана 65 годишна скопјанка која боледува од автоимуни заболувања за Магазин.мк вели дека од 12-ти март не ги прима потребните лекови Плакенил 200мг, бидејќи како што вели во аптеките ги нема, и секаде го добива истиот одговор, лековите се однесени на инфективната клиника бидејќи истите и други слични лекови се користат за пациентите заболени од Коронавирус.

Имам 65 години, меѓу другите го користам редовно лекот Плакенил 200мг, со кој се снабдував кога го немаше во нашите аптеки(дури од ноември) од други држави, воглавно од Грција и од Србија. Сега со затворање на границите не можам да го добијам лекот без кој не можам да функционирам.

Плакенил всушност бил прво класифициран како антималаричен лек, но исто така се користи за лекување на одредени ревматски и автоимуни состојби кои не се поврзани со маларија. Општо земено, Plaquenil е опција за третман како монотерапија (се користи самостојно) за лесен ревматоиден артритис или како комбинирана терапија со други DMARDs за умерена до тешка болест.(https://mk.approby.com/)

Оставена на милост и немилост Виолета вели дека мора да се снаоѓа сама, и да функционира без лекот кој и е неопходен. Вели и покрај тоа што министерот за здравство вели дека нема недостиг на лекови во државата, и дека се спремни за моменталната ситуација со Коронавирусот, сепак таа во секоја аптека го добива истиот одговор: Лекови нема!

Матичната докторка и аптекарите ми одговараат идентично, дека лекот што го имале по аптеките и магацините е однесен со другите слични лекови на инфективно за лекување на пациентите заболени од коронавирус. Дали ние пациентите кои боледуваме од автоимуни заболувања треба да одиме пред инфективно да се заразиме од коронавирус, за да го добиеме лекот кој ни е неопходен за нормално функционирање. Јас не можам без тој лек, немам од кај да го набавам сега кога границите се затворени. Спаѓам во ризична група на луѓе и апелирам до министерот за здравство Венко Филипче, да посвети внимание на нас, и на луѓето со ретки болести. Ни беше ветено дека ќе добиеме лекови, но од 12 март покрај останатите лекови кои ги пијам , лекот Плакенил 200мг, не можам да го добијам. Стравувам за својот живот, лековите ми се неопходни за да може да функционирм.  

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Реис Ул Улема Шакир Фетаи од денеска е прв човек на ИВЗ, а го наследува Сулејман Реџепи кој речиси 30 години беше исламски верски поглавар во земјава.

ИВЗ го доби новиот поглавар!

Од денеска стапи на функција новиот поглавар на Исламската верска заедница во Македонија. Реис...

Сарај, Чаир, Гази Баба и Бутел се општини со најголем број на заболени а воедно посочи и дека ќе бидат воведени нови рестриктивни мерки доколку тоа е потребно.

Венко Филипче: Повторно ќе воведеме рестрикции!

На денешната прес-конференција Министерот за здравство, Венко Филипче на прес-конференција...

Неспособноста на министерката Нина Ангеловска – Групер и целиот економски тим на Владата, не треба да бидат оправдување за задолжувањата.

ЛЕВИЦА: „СДСМ ја однесе Македонија во длабока економска бездна“

Антинародната политика на Заев и СДС и натаму продолжува. Откако на најподол начин...

 За мене се најважни граѓаните и нивното мислење и понатаму ќе преземам се што е неопходно за заштита на нивното здравје и здравјето на целата нација. Денешните изјави се само политички и истите преставуваат непринципиелен притисок врз моето работење додава миностерот за внатрешни работи Наке Чулев.

Чулев: Порастот на заболени е вина на власта!

Порастот на заболени е директна последица на фактот дека власта наместо суштински...