Свет
Балкан
Црвениот крст на Грција информира дека огнената стихија само во населбата Мати што е поширок дел на Атина во источниот дел на областа Атика по себе оставила 26 јагленосани тела на жртви меѓу кои има и деца.
Информациите од теренот говорат дека телата се најдени во неколку групи што значи дека лицата се знаеле меѓу себе и дека сеуште е рано да се одреди идентитетот но дека станува збор за мажи и жени на различна возраст но и деца.
Спасувачките екипи претпоставуваат дека жртвите тргнале кон морето кое е на 30 метри оддалеченост но дека поради големината и јачината на пламенот не успеале во намерите. Екипите по информации од населението и теренот очекува оваа бројка до крајот на денот да се искачи до 50 жртви.
Премиерот Ципрас кој беше во посетна на Федерацијата Босна и Херцеговина веднаш се врати во Грција.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.