Од ИЈЗ посочуваат дека се очекува пораст на активноста на вирусот и достигнување пик на сезоната на грип во текот на следните недели.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 јануари, 2020 16:12

Регистрирани 1.100 заболени од грип- меѓу нив и четири деца

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во периодот од 13 јануари до 19 јануари во државава се регистрирани 1.100 заболени од грип. Во споредба со минатата недела тоа е зголемување за 88,7 отсто кога беа регистрирани 583 заболени, се наведува во извештајот што денеска на својата веб страница го објави Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Од ИЈЗ посочуваат дека се очекува пораст на активноста на вирусот и достигнување пик на сезоната на грип во текот на следните недели.

Во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ, како што се истакнува, пристигнати се 40 материјали за тестирање на грип. Од тестираните материјали, 20 (50 отсто) се позитивни за присуство на вирусот на инфлуенца – кај 12 е детектиран тип А (кај пет A/H1pdm, кај четири A/H3 и кај тројца несубтипизирани), а осум се со инфлуенца тип Б.

Во споредба со истиот период од минатата сезона (n=2.327), постои зголемување на вкупниот број на пријавени случаи за 16,8%, а во однос на моделот од последните 9 сезони (n=4.909) се регистрира намалување од 44,6%.

Како и во претходните, така и во 3-та недела најголем број случаи (n=689; 62,6%) се пријавени во најголемата возрасната група – лица од 15-64 години, додека највисока инциденца од 106,7/100.000 жители е регистрирана кај најмалите, децата на возраст од 0-4 години (Графикон 2).

Оваа недела пријавени се случаи од 23 извештајни единици, од кои во 10 извештајни единици е инциденцата е над неделната граница на сезонската активност. Најголем број случаи се пријавени од подрачјето на ЦЈЗ Струмица (n=218), додека највисока инциденца е регистрирана на територијата која ја покрива ПЕ Дебар (I=569,3/100.000 жители) со 158 пријавени случаи.

Во 13 извештајни единици кои пријавија случаи во текот на оваа недела се регистрира многу ниска активност, во 7 е регистрирана сезонска (ниска), во 2 – Струмица и Радовиш – средна и во една – Дебар се регистрира многу висока активност на вирусот на грип.

Од Универзитетската Клиника за детски болести известуваат дека во моментов се хоспитализирани четири деца со симптоми на грип.

Децата, како што посочуваат, се на возраст од една до седум години и меѓу нив нема тешко болни, ниту во животозагрозувачка состојба.

Во сезоната 2019/2020, вкупниот број заболени од грип изнесува 2.718.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Денеска д-р Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје рече дека малолетното девојче било првиот смртен случај асоциран со грип оваа сезона.

Четиринаесет годишно девојче почина на Клиниката за детски болести

Вчера на Клиниката за детски болести почина 14- годишно девојче како последица од...

Пристигнати се 4-5 патници од места оддалечени 1 000 километри од Вухан, но, како што вели министерот за здравство Венко Филипче, немаат никакви симптоми и дадени им се насоки што треба да прават доколку им се јават.

Филипче: Ако добиеме заболен од коронавирус, има болнички дел во одделение на Инфективната клиника

Досега кај нас немало патници со индиции за специфично тестирање од коронавирус, вели...

Од таму велат дека се преземени приоритетни чекори и претставници на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство од минатата недела континуирано информираат за состојбата со коронарниот вирус.

Во Македонија нема причина паника за корона вирус- ситуацијата е целосно под контрола

Северна Македонија ги следи препораките од Светската здравствена организација во...

илипче рече и дека од утре ќе биде отворен телефонски број на кој ќе можат да се јават луѓето кои доаѓаат од регионот Вухан и кај кои можат да се јават симптоми за да не одат кај матичен лекар и амбуланти.

ФИЛИПЧЕ: Нема корона во Македонија- Патници од Истанбул и Дубаи ќе се скенираат со термални камери

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека од утре ќе се скенираат со термална...