Дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапи за половина денар на 58,5 денари за литар.

Објавил: Стојче Бушин | 24 февруари, 2020 17:22

Регулаторна соопшти: Ново покачување на цените на горивата

Фото/Текст извор: ©Magazin

Регулаторната Комисија за Енергетика денеска објави дека цените на горивата малку ќе се зголемат.

Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 1.46%.

Цените на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1 денар за литар и со тоа малопродажната цена на еуросупер БС-95 ќе изнесува 67 денари, на еуросупер БС-98 ќе изнесува 69 денари за литар, додека на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 47,5 денари за литар.

Дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапи за половина денар на 58,5 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,425 денари на 33,565 денари за килограм.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Пакетот вклучува ненаменски потрошувачки кредит, дозволено пречекорување на трансакциска сметка и кредитна картичка.

НЕДЕЛА НА ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТИ: Анализа на потрошувачки кредит на Централна

Ви го претставуваме кредитниот пакет “Доверба” на Централна кооперативна банка...

Според Анѓушев, кризата предизвикана од коронавирусот е многу полоша и многу пожестоко ќе се одрази врз економијата од финансиската криза пред 10-ина години.

АНЃУШЕВ: Коронавирусот донесе поголема криза од онаа пред 10-тина години!

Во емисијата Клик плус на ТВ 21, поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев...