Околу 80.000 граѓани на протестот за оставка на владата на СДСМ и ДУИ

Објавил: Мате Парлоф | 18 јуни, 2022 20:35

Река народ се упатува кон Владата, почнува големиот протест на ВМРО-ДПМНЕ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Река народ се упатува кон Владата каде што вечерва во 20 часот започна големиот протест на ВМРО-ДПМНЕ!

Намерата е да се изврши притисок врз владејачката коалиција за одржување предвремени парламентарни избори. Протестот се одржува токму ден по одбележувањето на 32-годишнината од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ, што како повод за повик за присуство, го искористи лидерот на опозицијата.

„Испраќам порака на обединување против лошата власт и Владата која ги загорчува животите на илјадници луѓе. Ние овој роденден ќе го одбележиме во знакот на борбата за промени, затоа што е премногу и мора да ја сочуваме Македонија. Ве повикувам утре во 20 часот на протестот за промени, пред Владата на Република Македонија. Се гледаме на улиците, со срце и сила, за Македонија.“, изјави вчера Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Десетици илјади граѓани од целата држава, членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициони партнери, се собираат пред владата каде се очекува обраќањето на лидерот на партијата, Христијан Мицкоски.

И битолчани се дел од протестот пред владата. Советникот од ВМРО ДПМНЕ Бојан Бојкоски на својот Фејзбук профил напиша.

Денес е почетокот на крајот од криминалното владеење на СДС! Народот дојде по своето, време е за предвремени парламентарни избори! Доста е! Протест за промени! пишува Бојкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ескалираше ситуацијата на протестот против бугарскиот предлог кој се одвива трет ден по ред пред Владата.

Граѓани кои излегоа да го изразат својот револт ја пробија заштитната ограда и со предмети фрлаат кон Влдата.

Ламбе го запали францускиот предлог: Ако мојата дијагноза е пироман, вашата е предавничка

Ако мојата дијагноза е пироман, вашата дијагноза е предавничка, кажа пејачот Ламбе...

Владата попладнево го објави на македонски јазик предлогот на француското претседателство за надминување на спорот со Бугарија и почеток на преговорите со ЕУ.

Владата го објави францускиот предлог на македонски јазик

Верзијата на англиски јазик, пак, беше објавена во петокот (1 јули), а оттогаш започнаа...

Нека го тргнат ова, нека ги тргнат овие 4 точки. Да биде европски патот, исто како за Албанија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Бугарија кога стануваа членки. Не го тргнат ова, нека ги остават Копенхагеншките критериуми и нека ни ги остават критериумите кои се поврзани со процесот за стабилизација и асоцијација. Чуму потребата овој мал народ да се асимилира, кому му сметаме ние?

Мицкоски: Продолжуваме со протестите додека не се тргнат деловите од предлогот кои го асимилираат македонскиот народ

Имавме речиси едночасовна средба со премиерот Ковачевски. Средбата би рекол беше од...