Сите знаеме дека, со секој од своите непотпишани текстови, си одработува за своите “непознати” газди. Газдите ни ја крадеа државата, тие, пак, имаа задача да ја лажат.

Објавил: Перо Милчин | 24 август, 2019 17:24

“РЕКЕТ”ЈА ТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Шеќеринска, Ременски, Димитров најавуваат ТУЖБИ ПРОТИВ НОВИНАРИ!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Ќе ја тужам “Република” за нејзините лаги, затоа што реакции до нив се непотребни и залудни, пишува на социјалните мрежи Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска.

Премиерот Зоран Заев, вицепремиерката Радмила Шекеринска, министерот за надворешни работи, Никола Димитров и потпретседателката на Собранието, Фросина Ременски најавуваат тужби против новинарите кои објавуваат текстови во кои нивните имиња се поврзуваат со случајот Рекет.

Ќе ја тужам “Република” за нејзините лаги, затоа што реакции до нив се непотребни и залудни, пишува вицепремиерката и Министерка за Одбрана Радмила Шеќеринска.

Сите знаеме дека, со секој од своите непотпишани текстови, си одработува за своите “непознати” газди. Газдите ни ја крадеа државата, тие, пак, имаа задача да ја лажат. Лажат и манипулираат со јасна цел која ја гледаме на дело секој ден во судовите: да ги оневозможат, попречат или одложат сите постапки за криминалот, корупцијата и злоупотребите кои ги чувме во “бомбите” и видовме на дело претходните 10 години.
Создадоа мафијашка структура која одземаше фирми и уништуваше животи преку ноќ, која контролираше, уценуваше и плаќаше новинари, која знаеше само да потплаќа, купува и продава… и сега сака да избега од правдата и одговорноста. Што ќе прави? Истото тоа, но со повеќе лаги и повеќе пари.
Не успеаја досега. Нема ни сега, пишува Шеќеринска!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Според тоа што ни беше укажано од СОЗР тие процедурата ја спроведуваат на идентичен начин и правила кои според нивните кажувања важеле за сите поранешни претседатели.

Иванов остро и одговори на Антикорупциска: “МАНИПУЛИРАТЕ закупот е 1.950, а не 4.500 евра”

Бившиот претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов реагираше на социјалните...