-До Општинската изборна комисија за вториот круг локални избори, во Кичево се доставени рекорден број барања на лица болни и изнемоштени кои побарале своето демократско право на глас да го искористат во домашни услови, пренесе Сител!

Објавил: Перо Милчин | 25 октомври, 2021 7:16

Рекорден број болни и изнемоштени ќе гласаат во вториот изборен круг во Кичево

Фото/Текст извор: ©магазин

Во вториот круг од Локалните избори 2021 во Општина Кичево ќе гласаат 454 болни и изнемоштени лица, кои побарале да се изјаснат во домашни услови.

-До Општинската изборна комисија за вториот круг локални избори, во Кичево се доставени рекорден број барања на лица болни и изнемоштени кои побарале своето демократско право на глас да го искористат во домашни услови, пренесе Сител!

Така, во првиот круг во нашата општина беа прифатени 330 барања за гласање во домашни услови, додека за вториот изборен круг бројот е зголемен за 134 новопријавени болни и изнемоштени, од 137, колку што поднесоа документи за гласање во домашни услови. Кај три лица од новопријавените документите се отфрлени бидејќи не одговараат на критериумите за домашно гласање.Така во сабота, 30 октомври, избирачките одбори ќе посетат вкупно 464 лица од нашата општина, истакна Теанула Станкоска од ОИК за општина Кичево.

Станкоска дополни дека денеска и утре ги очекуваат пријавите на лица болни од Ковид19, лица во карантин поради позитивен тест и лица со мерка  изолација. Во првиот круг во општина Кичево беа пријавени само три лица болни од Ковид, кои како и болните и изнемоштените ќе гласаат во сабота на 30 октомври, кога во нивните домови ќе ги посети комисија составена од здравствени работници. Околу 80 проценти од новопријавените болни и изнемоштени се лица со нега од трето лице.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Од МНР информираат дека двајца нивни вработени се упатени на испомош во Амбасадата на Северна Македонија во Софија со цел да помогнат околу сите процедури поврзани со трагичниот настан.

МНР формира кризен штаб за трагедијата: Објавен е телефонски број на кој може да се јават роднини

Имајќи ја во предвид тешката несреќа што се случи синоќа во Република Бугарија, во...

„Тоа што за нас е важно е ветувањата кои што ги дадовме пред охриѓани, но и пред граѓаните во Македонија да ги реализираме и исполниме, да создадеме нова иднина што всушност беше и нашата главна порака на овие избори, да покажеме дека не се сите исти.

Затоа што на народот му е преку глава од неуспеси и поделби, народот сака да види резултати и конечно да види реализација и исполнување на ветеното. Тоа нас не прави различни од нашиот политички противник, од оваа влада предводена од СДСМ и ДУИ.

Ќе се обидеме на локално ниво да покажеме дека можело поинаку и дека можеме сите заедно да работиме чесно и да ги исполниме очекувањата на граѓаните во рамки на можностите се разбира. Нема да критикуваме, нема да се жалиме колку е тешко, тешко е се знае затоа што ако било лесно прво немало да бидеме ние, а второ ако состојбата со општината и со јавните претпријатија кои што се дел од оваа општина била добра, тогаш сигурно немало граѓаните довербата да ја дадат на ВМРО-ДПМНЕ, ќе ја дале довербата на нашите претходници.

Така што ако кажеме дека е лошо и дека има направено многу лоши работи и многу криминал нема да ве изненадиме, тоа го знае народот, го знаат охриѓани, ние ќе се фокусираме да ја санираме колку можно состојбата и ќе се фокусираме на испорака на она кое што е ветено пред охриѓани и пред граѓаните на Македонија, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски: Промените започнуваат и тие се гледаат и во Охрид

Промените овде во Охрид започнуваат со многу проекти и сериозна динамика во реализацијата...

Според резултатите кои Државната изборна комисија ги објави за Локалните избори 2021, шест политички партии и една независна кандидатска листа имаат освоено советнички места во новиот Совет на Град Скопје.

Конститутивна седница на новиот состав на Советот на Град Скопје

Новиот Совет на Град Скопје денеска од 11 часот ќе одржи конститутивна седница во кино...