
Свет
Вести
По многу тесните резултати минатата недела меѓу претседателското мнозинство и Нупес, вториот круг од законодавните избори оваа недела се најавуваше како неизвесен, за назначувањето на 577 идни пратеници на Националното собрание.
Сепак институтите за испитување на јавното мислење велат дека неизлезеноста е масовноа како и во првиот круг (53%) и ќе изнесува околу 54 отсто, јави дописникот на МИА.
Една недела на кампања помеѓу двата круга беше кратка и напната. Штом се дознаа резултатите од првиот круг на парламентарните избори, ставајќи ги макронистите и сојузот на левицата рамо до рамо, инвективите пораснаа со иста брзина како и живата во термометрите.
Под притисокот на добрите резултати на Нупес, како и подемот на Националниот собир, претседателското мнозинство се зацврсти на своето „ниту крајно десно“, „ниту крајно лево“, демонизирајќи ги Меланшон и неговиот сојузот на левицата за да флертуваат со десничарскиот електорат. Заостанувајќи во анкетите, сојузот на левицата се обидуваше да ги мобилизира младите луѓе кои масовно се воздржаа. Во прашање: апсолутно или релативно мнозинство на Емануел Макрон во Собранието.
Сценарио кое би можело да се оствари, според проекциите на оваа анкета. Заедно! – сојузот на макронистите би добил меѓу 252 и 292 пратенички места, едвај повеќе од апсолутното мнозинство (289), во најповолното сценарио. Што се однесува до Нупес, тоа би можело да освои помеѓу 179 и 225.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.