Освежување на времето ќе има утре доцна попладне и навечер кога ќе дува умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Објавил: Стојче Бушин | 11 јули, 2020 10:17

РЕКОРДНИ ТЕМПЕРАТУРИ: За викендот температурата и до 36 степени!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

За време на овој викенд времето во државава ќе биде сончево и топло со умерена локална облачност, во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени!

Во Скопје и околината овој викенд ќе има услови за локална кракотрајна нестабилност во попладневните часови. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 34 степени денес, и до околу 31 степен во текот на утрешниот ден.

Освежување на времето ќе има утре доцна попладне и навечер кога ќе дува умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Ветерот ќе продолжи да дува и во понеделник кога и максималните дневни температури ќе бидат пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени, додека во најтоплите предели истите има услови да се искачат до околу 33 степени.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Кон крајот на денот, и во вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 37 степени.

УШТЕ ДЕНЕСКА ПЕКОЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ- Од утре нестабилно време и услови за невреме!

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност...

Во Скопје и околина времето ќе биде сончево и топло со мала до уо умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец, максималната дневна температура ќе се искачи до околу 33 степени.

Детално метео: Намалување на температурите- од оваа недела нестабилно време – услови за НЕВРЕМЕ

Денес времето во нашата држава ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од јужен...

Во доцните попладневни и во вечерните часови, особено во северните предели ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 41 степен.

МАКЕДОНИЈА ВО ЖОЛТА ФАЗА: Денеска пеколни температури до 41 степен!

Денес времето во нашата држава ќе биде сончево и понатаму МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена...