Турција во моментов е на петтото место во светот според бројот на заразени на дневна основа.

Објавил: Рејхан Бајрами | 3 април, 2021 21:38

РЕКОРД ВО ТУРЦИЈА: Има 44.756 заразени за едно деноноќие

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Турција регистрираше 44.756 нови случаи на инфекција со коронавирус во последните 24 часа, најмногу од почетокот на пандемијата, покажуваат најновите податоци!

Турција во моментов е на петтото место во светот според бројот на заразени на дневна основа.

Бројот на заразени се зголемува откако турската влада ги ублажи мерките за сузбивање на пандемијата во март, па затоа во последните пет дена беа поставени нови црни рекорди.

Исто така се очекува дека првата вакцина против корона вирусот произведена во Турција да биде готова до крајот на ова лето.

Оваа информација ја потврди и министерот за здравство на Турција, Фахретин Коча, обраќајќи се на брифинг за медиумите на Светската здравствена организација.

Верувам дека нашата прва вакцина против корона вирусот ќе биде спремна и успешна до август или септември, односно до крајот на летото“ изјави Коча.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Владата пред само шест дена го прошири администрирањето на третата, бустер доза за лица над 40 години, шест месеци по целосната вакцинација, а денеска таа мерка дополнително ја прошири на сите лица над 18 години.

Франција ќе дава засилувачка доза од анти-ковид вакцината на сите лица над 18 години

Француските здравствени власти предложија проширување на аплицирањето на засилувачката...

Од полицијата наведуваат дека Петра Р.(31) е вработена во Здравствениот дом- Загреб, каде била задолжена да внесува податоци за вакцинација на лица во системот.

Уапсена медицинска сестра од Загреб, фалсификувала ковид сертификати

Медицинска сестра од Загреб е уапсена за издавање на фалсификувани ковид сертификати...

Најавено е дека од тој датум, Швајцарија ќе ги признае истополовите бракови склучени во други земји, кои досега ги третираше како граѓански партнерства.

Од 1 јули во Швајцарија ќе може да се склучуваат истополови бракови

Истополовите бракови во Швајцарија ќе може да се склучуваат од 1 јули следната година,...