
Свет
Европа
Од вчера во Албанија, затворени се 4 300 кладилници.
Со пристигнувањето на Новата година, во Албанија стапија во сила неколку значајни одлуки што Владата ги донесе во последните два месеца. Една од нив е затворањето на кладилниците, кои за 2 дена се затворени рекордни 4 300 кладилници низ државата.
Забраната исто така се однесува и на онлајн кладење и коцкање, не само на кафулиња со кладилници.
Коцкањето е дозволено само во елитни хотели со пет ѕвездички и тоа само ако се наоѓаат надвор од урбани подрачја. Коцкањето во Албанија беше еден од најголемите проблеми.

Во земјата според статистиката со 2,8 милиони жители , имало една кладилница на 670 жители.
Албанскиот премиер Еди Рама беше под жесток притисок на сопствениците на кладилници , но сепак Законот се изгласа и од вчера е на сила.
Во сила денеска стапи и одлуката која е во интерес на земјоделците, за кои таксата од 20 проценти за увоз на земјоделска механизација се укинува.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.