За само еден месец на граничните премини Табановце и Богородица запленети се над 1100 пакети или околу 11 милиони парчиња нелегални кинески цигари, и околу 13 тони тутун во лист.

Објавил: Сара Фемина | 11 јули, 2019 17:56

РЕКОРД: Царината запленила над 16 тони цигари и 13 тони тутун на Табановце и Богородица!

Фото/Текст извор: ©24вести

Државата трпи милионски загуби поради шверцот на тутун, царинската управа во две одделни акции спречила внес на30 тони нелегален тутун и цигари.

За само еден месец на граничните премини Табановце и Богородица запленети се над 1100 пакети или околу 11 милиони парчиња нелегални кинески цигари, и околу 13 тони тутун во лист.

Доколку тие цигари односно тутунот се нашле на домашниот пазар државниот буџет би претрпел штета од околу еден милион евра.
Како што обелодени директорот на Царина станува збор за цигари со кинеска марка „Ashima luhoru size“ и „Marble de luhe“ и истите според Танасовски доаѓаат од земја каде постои фабрика за производство на цигари во сопственост на кинеската компанија.

По двете одвоедни акции на царинската управа сега на ред да постапува е обвинителството. Обвинители од Куманово и Гевгелија откако ја добиле целокупната документација, ќе ги испитуваат фирмите, но и физичките лица вмешани во нелегалниот шверц. На шверцерите им се заканува казна затор од 1 до 10 години.

Пред околу еден месец во голема акција на финансиската полиција заплена на тутун имаше и во скопско Љуботен. Одземени беа 12 тони од сортата Вирџинија, тутун кој од соседните земји го увезле домашни фирми а потоа го продале на физички лица за дополнителна обработка и продажба.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Денес почнува судскиот процес за наводно организаторите на насилствата од 27 април во Собранието во Кривичниот суд во Скопје. Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Позадината на нередите на 27 Април, кој беше креаторот и зошто?

Денес почнува судскиот процес за наводно организаторите на насилствата од 27 април...

Сите се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Денеска почнува судењето за „27 април“- организаторите на „Крвавиот четврток“ пред Кривичниот суд

Денеска по три години започнува судењето за организаторите на насилствата од 27 април...

Она што беше забележливо е што додека траела полициската акција на социјалните мрежи веќе се појавија информации дека е во тек полициска рација во Сарај и дека целта е наоѓање на кокаин. Веднаш потоа се појавија информации во провладини медиуми за фатен 1.3 тон кокаин, за да подоцна набилданите очекувања спласнат со помало количество. Многу реално за очекување е дека акцијата била пробиена и некој намерно создавал погрешна перцепција во јавноста, пишува Нетпрес.

Нетпрес: Славјанка Петровска ги довела во прашање животите на полицајците во акцијата во Крушопек?

Обвинувањата на советникот на Зоран Заев, Бојан Маричиќ, дека министерот за внатрешни...