Очекувам внатрешната контрола и МВР да си постапат по стандардните оперативни процедури и да откријат кој бара сензационализам со оддавање на класифицирани информации.

Објавил: Перо Милчин | 24 август, 2019 16:55

РЕМЕНСКИ: “Веста за НИНА ГРУПЕР бара итна внатрешна истрага и реакција од МВР и тоа ВЕДНАШ”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Оваа вест бара итна внатрешна истрага и реакција од МВР и тоа ВЕДНАШ, пишува на социјалните мрежи пратеничката Фросина Ременски.

Ви го пренесуваме во целост нејзиниот Фејсбук статус!

Оваа вест бара итна внатрешна истрага и реакција од МВР и тоа ВЕДНАШ!

Не заради тоа што се работи за кандидатката за министер за финансии, туку заради неопходната потреба да се заштити злоупотребата на службените евиденции на МВР за “сензационализам” со кој треба однапред да се фрли дамка на личност што треба да извршува важна државна функција.
Лесно проверливо е кој, од каде и во кој временски период влегол во базата за криминалистичка евиденција на МВР за да обезбеди “ексклузива” за сторен сообраќаен деликт.
Форматот во која е објавена веста потврдува за автентичноста на базата со која располага МВР.
Очекувам внатрешната контрола и МВР да си постапат по стандардните оперативни процедури и да откријат кој бара сензационализам со оддавање на класифицирани информации.

Нина Ангеловска која е предложена за прва жена на чело на Министерството за финансии, во електронскиот систем на Министерството за внатрешни работи е заведена како сторител на кривични дела врз кој била поднесена кривична пријава – покажува документот кој до „Економски Лидер“ го достави свиркач од полицијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Според тоа што ни беше укажано од СОЗР тие процедурата ја спроведуваат на идентичен начин и правила кои според нивните кажувања важеле за сите поранешни претседатели.

Иванов остро и одговори на Антикорупциска: “МАНИПУЛИРАТЕ закупот е 1.950, а не 4.500 евра”

Бившиот претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов реагираше на социјалните...