Откако се изредија со интервјуа, колумни и прозивки сите што не гласаа за евроатлантските клучни одлуки во Собранието (Поповски, Тодоров, Рангелова, Димовски), а силно се залагаат за тие вредности во реформата на нивната партија, по денешното интервју на Началникот, очекувам ја утре, ја до понеделник да се јави и Гордана Јанкуловска, а може и Орце Камчев ако сака. Уште само тие фалат.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 јули, 2020 10:06

Ременски: Византиските игри во ВМРО-ДПМНЕ се поддржани од СДСМ!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Секогаш сум била приврзаник и поддржувач на партиските социјалдемократски политики од интерес на граѓаните и државата. Деновите по изборите, кога се лицитира со победник во трката за формирање влада (за што не се сомневам дека ќе ја предводи СДСМ), не можам, а да не забележам поддршка во промовирање на ликови, нивни ставови и опозициски внатрепартиски битки од страна на многу поддржувачи на СДСМ на социјалните мрежи. Можеби тоа е нивен став со кој не спорам. Имаат право на тоа, пишува Фросина Ременски на Фејсбук.

Она што мене ме зачудува е прашањето: Дали заборавивме против кого и против какви политики се боревме до 2016 година, и денес?
Не сакам да верувам дека заборавивме, а очигледно некако се подзаборава.

Откако се изредија со интервјуа, колумни и прозивки сите што не гласаа за евроатлантските клучни одлуки во Собранието (Поповски, Тодоров, Рангелова, Димовски), а силно се залагаат за тие вредности во реформата на нивната партија, по денешното интервју на Началникот, очекувам ја утре, ја до понеделник да се јави и Гордана Јанкуловска, а може и Орце Камчев ако сака. Уште само тие фалат.

Фросина Ташевска Ременски (22 февруари 1977 во Крива Паланка) — македонски политичар и поранешен министер за труд и социјална политика на Македонија. На оваа функцијата стапила на 12 ноември 2015 година, по договорот од Пржино.

Додека ги чекаме нивните мудри мисли, заклучувам дека предметот АФИС-и на чело со Тодоров ќе слави јубилеј и амнестија.

Денешново интервју на осомничениот во Империја и обвинет во мега-случајот со масовното прислушкување и кршење на човековите права, Началникот Бате Саше е претставен како поранешен директор на УБК (она озогласеното ако ви текнува со кое раководеше 9 години). Тој (замислете) зборува за “бомби”, за неовластено снимање, за труд, работа, углед, за европски и проамерички вредности, за демократија, за шанси, за иднина итн. Дури, не остава енигма дали, како незаменлив кадар ќе се врати во политиката, пардон бизнисот (небаре излегол). И секако, бисерот неоткриен во школката: Дали таа конзервативна партија што тој ја создавал со братучедот, така реформирана ќе ги признае сите политики спроведени од СДСМ, за доброто на државата?

Без да коментирам став на обвинето лице (кое популарно е нерелевантен став нели – за кого/како), ќе се согласам со една негова реченица во ексклузивното интервју, а тоа е дека, “Не знае човек дали да плаче, или да се смее”!

Ако мислите дека, промовирањето/споделувањето/поддршката на овие игри на троновите е наш социјалдемократска приоритет и интерес, и дека партијата ќе има некаква полза од овие бели, заштитени мечки од наследениот корумпиран, конформистичко-полтронски систем на нарачатели и извршители од нивните тефтери, тогаш се лажете сите до еден.

Заборавањето на криминалот и злоделата на овие интересовни упикувачи, транзитери е цената што секогаш скапо се плаќа, порано или подоцна. Византеријата во партиските дворови не е непозната работа за партиите, но секоја подршка на една византерија од страна на друга, и обратно е меч со две оштрици.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Договорите се склучени со лицето Никола Спасов, кој e син наЃорѓи Спасов, поранешен министер за правда, пратеник и генерален-секретар на СДСМ во времето на најцрнитетранзициски денови. Инаку, Ѓорѓи Спасов е основач на АгенцијаРејтинг.

Зделките на Богоев со агенцијата на Спасов немаат крај

Со нарачани лајкови во штабовите, градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев,...

Од извршената контрола е утврдено дека во објектот се врши дејност после 18.00 часот, спротивно на мерките за спречување на пандемијата со ковид-19.

Претреси во Охрид, затворен угостителски објект, сопственикот заработи две кривични пријави

На 16.01.2021 во 01.30 часот од страна на Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за...

Вицепремиерот Битиќи, во своето излагање посочи дека причината и приоритетот поради кои се основани јавните претпријатија е обезбедување на услуги за граѓаните.

Вицепремиерот Битиќи: Намерата на Владата е да имаме ефикасни и ефективни јавни претпријатија

Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација...

Најголема снежна покривка има во Битола и тоа околу 30 сантиметри. Најниска температура во текот на денешното изминато утро исто така е регистрирана во Битола, и тоа -13°C.

ТЕМПЕРАТУРИТЕ ПАДНАА ДО -13°C – СПРЕМЕТЕ СЕ ЗА ТЕМПЕРАТУРИ ДО ОКОЛУ -20°C

Поларниот бран во Македонија пристигна уште во текот на вечерните часови од вчерашниот...