Од обвинителството за телевизија Телма потврдија дека сите предмети меѓу кои и телефони на осомничените се на вештачење за дополнителни траги и сознанија потребни за истрагата.  Претрес е вршен во домот на Ременски, додека не е вршен во кабинетот на потпретседателката во Парламентот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 октомври, 2019 12:51

Ременски го сменила телефонот 4 дена пред отворањето на истрагата за Рекет

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Фросина Ременски, потпретседателката на Собранието и осомничена во случајот Рекет во дело за меѓународниот сојуз имала два телефони и двата и се наоѓаат на вештачење откако и се одземени при претресите во истрагата, објави ТЕЛМА.

Од обвинителството за телевизија Телма потврдија дека сите предмети меѓу кои и телефони на осомничените се на вештачење за дополнителни траги и сознанија потребни за истрагата.  Претрес е вршен во домот на Ременски, додека не е вршен во кабинетот на потпретседателката во Парламентот.

Фросина Ташевска Ременски (22 февруари 1977 во Крива Паланка) — македонски политичар и поранешен министер за труд и социјална политика на Македонија. На оваа функцијата стапила на 12 ноември 2015 година, по договорот од Пржино.

Како што објави телевизијата Фросина Ременски имала два телефонски броја, но истрагата утврдила дека еден од апаратите кој и бил одземен бил нов односно почнала да го користи на 11-ти јули, или четири дена пред отворање на истрагата за случајот Рекет. Телефонот кој претходно го користела не е одземен при претресите. Сега со вештачењето може да се откријат и извадат само податоци од новиот апарат, а за дополнителни анализи на комуникациите обвинителството може да побара информации од операторот чиј број користела пратеничката.

Истрагата за Рекетот е отворена на 15 јули, 4 дена по менувањето на апаратот на Ременска. Тогаш Ременски не беше осомничена иако во написите за случајот претходно се спомнуваше псевдоним Фрики. На 15-ти јули беше приведен Јовановски-Боки 13 кој е осомничен и и во двата крака на Рекетот, Орце Камчев и Меѓународен Сојуз.

Целиот текст прочитајте го ОВДЕ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Оптимизмот дека ќе извојува победа во Гостивар, тој го образложи со благодарноста на Албанците во Гостивар, бидејќи тие ги ценат постигнувањата кои се остварени со големо жртвување и пролеана крв.

Ахмети: Ние не бараме нешто за да им ја уништиме среќата на Македонците, ние си го бараме своето

Барајќи го гласот од гостиварци, Али Ахмети лидерот на партијата Демократска унија...

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, на покана на Македонската академија на науките и уметностите, денеска присуствуваше на промоција на четирите капитални изданија за македонскиот јазик.

Димитров: Македонскиот јазик е затворено прашање и дома и во странство

Македонскиот јазик, за нас Македонците, е затворено прашање и дома и во странство. Секое...

Јанев, кој е член на Њујоршката академија на науките и научен советник на Институтот за политички науки во Белград, ја поздрави заложбата на Гордана Силјановска Давкова, носител на листата на опозициската коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ во првата изборна единица, за поништување на Преспанскиот договор!

Проф. Јанев: Не постои човечко суштество со здрав разум кое би гласало за СДС!

Професорот Игор Јанев, експерт по меѓународна политика и меѓународно право, со порака...

На 15 јули мнозинството граѓани ги порази деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ, а по победата, ние како одговрна партија, како одговорна коалиција ќе покажеме дека мoжеме и уште подобро и уште повеќе, тврди Заев!

ЗАЕВ: Остануваат 22 дена до денот на победата на СДСМ и Коалицијата!

За 22 дена од сега, граѓаните ќе потврдат дека грижата за здравјето, развојот на економијата,...