
Македонија
Фејсбук
Д-р Венко Филипче е еден од ретките министри кон кого имам почит и разбирање, независно од пропагандата која успева да наметне принцип на негативна селекција во кадровската политика – успева професорите како стручњаци во области да ги држи/исфрли од креирање политики на нормалност, стручност и професионализам во општеството желно за промени, пишува на сицијалните мрежи македонската политичарка и поранешен министер за труд и социјална политика на Македонија, Фросина Ременски!
Д-р Венко Филипче го ценам зошто е докажан, признат и одличен хирург.
Јас него не го гледам како човек од политиката (политичар), туку како човек од фелата кој го познава системот во кој што професионално функционира со сите свои предности и маани.
Ги познава своите колеги, професори, лекари, институционалниот капацитет и можностите. Само човек што го познава системот со кој управува може да биде добар менаџер и лекар.
Затоа е различен, поинаков – затоа што знае, а не учи допрва; Затоа што за работата е најден човекот (стручњакот), а не на човекот да му е најдена работа, како што бива во политиката.
Барањето на негова оставка во овој период на здравствена и безбедносна (лична, колективна) криза е акт на саботажа и во ниту еден случај не може да се спореди со министерувањето на сезнајкото од катастар до министер за се – Никола Тодоров. Не споредувајте рид и дол.
Знам дека стручњаците многу тешко ги преживуваат политичките/партиските тролања, неоснованите критики, дезинформациите и наменските пропаганди.
Знам дека така е и со д-р Венко Филипче.
Но, исто така знам дека, тоа за него е уште поголем мотив да го даде најдоброто од себе и своето знаење, да не задржи поспокојни во ова извитопетено општество во кое лагата и невистините менуваат правилни текови на нормалност.
Тоа е како на војник во битка да му кажете да се повлече, да ги остави соборците сами и на повлекување да загинат сите.
Не сакам да замислам во ова време на пандемија да имавме за министер импровизатор што ќе парадира и ќе се слика (колку да го има), наспроти ваков министер стручњак кој знае да ви влее верба и сигурност кога и самиот е мотивиран од предизвикот пред кој и тој лично е исправен како лекар и научник.
Венко Филипче ја има поддршката од сите што знаат што е струка и ука.
Подршката ја има целиот медицински персонал кој во ова време на Ковид 19 се бори за секој живот, вели Ременски!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.