Ејјј години се маршираше по улици против владеењето и против големиот криминалец Грујо, за да биде толку лесно да се голтне и прифати паролата "ќе го вратиме дома да си ја одлежи казната".

Објавил: Владо Марин | 5 јануари, 2021 6:04

Ременски: Македонското аномично општество ги појави своите знаци

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Полека но, сигурно Диркемовото (македонско) аномично општество ги појави своите знаци. Оттуѓени граѓани, оттуѓени од блиските, оттуѓени од работата, оттуѓени од идејата, од мотивацијата, од вербата за утре, оттуѓени од борбата за подобро.

Не треба да го препрочитам Диркем, за да знам дека, политичката логика на владеењето е фаза на посакувана аномија како мотив за понуден спас, ветено спасение, надеж.

Сите креатори на аномии треба да го дочитаат Диркем до крај, за да ја видат ренесансата по сите експерименти со човекот како политичко суштество.

✅ Едно сигурно знам.

Заборавањето или отстапувањето од клучните пораки и цели во политичката БИТКА со кои е добиена ДОВЕРБАТА од граѓаните е првиот тест за ВОЉАТА да се направи ПРОМЕНА на аномалиите против кои била насочена БОРБАТА.

Еве сликовито, да не ми замерат буквалистите дека “филозофирам”.

Не може да се бориш против Грујо, а да не те интересира како избега од казната и да се правиш незаинтересиран да ги прашаш оние рамолебци во обвинителство “до кај се со таа fucking истрага и кого тоа прават будали?”.

Ејјј години се маршираше по улици против владеењето и против големиот криминалец Грујо, за да биде толку лесно да се голтне и прифати паролата “ќе го вратиме дома да си ја одлежи казната”.

Да не е жално, ќе биде смешно.

Не може да се бориш против Сашо Мијалков, против тој што монтираше случаи и обвиненија, против монструмот УБК, прислушкувањето, против бандите и извршителите на црни нарачки и неправди, а да не прашаш “каде се тие fucking извршители сега и каква е нивната одговорност за страдањата и неправдите платени со народни пари”.

Ејјјј години се маршираше по улици, се слушаа снимки од изживувања, разврат, калашљикови, пиштоли во уста, хотели, трговски удели, рекети, тепања, избор на судии, тефтерчиња за нашите, за нивните, за ендеци, за сотирања, за да биде толку лесно да се голтне и прифати да се стави “лајк на пејџот на јавната личност Мијалков” и медиумски да се пренесуваат ставови за некакви “fucking реформи во барата во кој тој котеше риби”.

А никој да праша или да истражи “ало дечко тоа хотелчето на плоштадо дедо ти од Штип во наследство ти го даде? Таа спасителска војска ние ја плаќаме или ти си ја плаќаш, со таа муниција ловеше или ќе ловиш?
Да не е жално, ќе биде смешно.

Не може да се бориш притив организираниот криминал и корупцијата и да правиш fucking ветинг во судство и обвинителство, а да не прашаш “Where is Марко – Марко Зврлевски, Who is Вилма – Вилма Русковска & другите извршители?”.

Ејјј слушавме бомби, нарачки, местење предмети, обвиненија, гледавме извршители, сите обвиненија на Русковска паднаа како скапана круша, цело лето 2017 го разрешувавме Марко “за нестручно и несовесно работење”, за да биде толку лесно да се каже или да се праша “ало дечки, извршителите на мафијата ви се ударна сила во fucking реформата?

За нивните обвиненија ли го носите законот на Трајанов за отварање на монтираните случаи, за истите треба сами да се казнат?”, или пак марширавме да се надеваме дека се по Марко е заборавено, а се по Вилма ќе се заборави?
Да не жално, ќе биде смешно.

Не може да се бориш против народната пљачка, стиропор, гипс, Ск 2014, жални врби, завеси, театри, денови за дрвата …, а да немаш ниту едно fucking прашање за тоа “ало дечки, ние ќе ги враќаме парите или тие за кои викавме дека краделе од нашите деца, од работникот, од пензионерите …?”

Ејјј новопечена олигархиска Империја, градоначалници со станчиња во секоја втора зграда во населба, тендерчиња, тенџерчиња, една (1) милијарда барок стиропор, милиони садници за денот на дрвото, бели палати, фирми, фирмички, удели, рекети итн.итн, за што – за бонус надоместокот на Лидија Неделкова што не и го дал Јово – оној Јово Преварата ?
Да не жално ќе биде снешно.

Има уште, но …

Не можеш да се бориш против медиумска корупција, против угнетеност на универзитетот, невладиниот сектор, интелектуалците, а да не помислиш “што направивме со тоа против кое се боревме?”

Ејјј нарачките на вести ги слушавме, ги гледавме, професорите кои ги стануваа во ноќ за изјави, контрашите на протести итн., за што? За да читаме исти вести на 100 портали, за да новинарите не спомнуваат одредени имиња за “да не им летне главата”, за да функционира медиумското fucking тролање и удбашко-специјалната скапо платена пропаганда?
Да не жално ќе биде смешно.

Ете така му иде тоа во аномијата – се бориш, се бориш, се надеваш, те плукаат, те колнат, те мразат, те прогонуваат за да дојде ден кога ништо не ти пречи од тоа против кое/што си се борел. Си станал рамнодушен од разочарувања, или затоа што ти дале коскиче за глодање, за да заборавиш и да не гледаш дека кртината уште си ја мезат нечепнатите и заборавените криминалци против кои ти си се борел.

Само има едно големо НО!
Тоа е фактот дека интелигенцијата ја преживува секоја аномија и не простува никому за изгубеното време, години и за изневерените надежи …, и по правило ја пишуваа анализата за аномичните времиња кои доаѓаат и поминуваат.

Статусот е за сите борци во прво и второ лице множина!

Фросина Ременски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

На мое големо изненадување, во коментарот на владата на Зоран Заев, што го пренесува државната новинска агенција МИА, нема директно и јасно отфрлање на овој текст.

Ќе прифатите ли да бидеме бугаромакедонци?! Пендаровски? Заев? Ало другарчиња, изјаснете се!

Бугарите можат да си мислат и да прават што сакаат, но ние Македонците не можеме и не...

Затоа што тоа е право на самоопределување, тоа е чувство. И не постои договор кој што го договара начинот на тоа како се чувствувам, и каков јазик ние зборуваме. И на крајот, тоа е европска вредност.

ЖИЦАТА И ПРАШИНАТА НА ЗАЕВ ИЗГУБЕНИ ВО ВРЕМЕТО И ПРОСТОРОТ

ЖИЦАТА И ПРАШИНАТА НА ЗАЕВ ИЗГУБЕНИ ВО ВРЕМЕТО И ПРОСТОРОТ! Вели Заев, во Ресен, на 5...