Таа ги повикува институциите да го истражат бегството на поранешниот премиер на земјата Никола Груевски.Нејзината објава ви ја пренесуваме во целост.

Објавил: Валерија Петрова | 14 мај, 2019 13:14

Ременски на Фејсбук ги искара институциите- очекувам од Груевски нова книга -„храбро бегство“

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Денеска на социјалната мрежа Фрејсбук пратеничката Фросина Ременски ги потсети сите дека истекуваат шест месеци откако Никола Груевски избега од земјава и престојува во Унгарија.

Таа ги повикува институциите да го истражат бегството на поранешниот премиер на земјата Никола Груевски.
Нејзината објава ви ја пренесуваме во целост.

„Денес истекуваат 6-те месеци неоправдано отсуство од работата на Собранието на пратеникот азилант Никола Груевски.
Пред сериозен тест и одговорност на сите пратеници е спроведувањето на процедурата за одземање на мандатот со 80 гласа “за”.
Пред сериозен тест е Обвинителството и Врховниот суд – ОЈО да даде одговор за истрагата за бегството, а Врховен суд да одолее да не ја укине пресудата за затворската казна.
Во меѓувреме, бидејќи се распишал азилантот очекувам да објави книга за неговото “храбро” бегство, како лекција – модус операнди за криминалистите, а роман за сите останати …“, напиша Ременски на својот фејсбук профил.

Министерот Спасовски вчера уверува дека сите потребни документи се испратени и очекува Интерпол да ја потпише меѓународната потерница за Груевски.

„Ние неколку пати контактираме и ги поднесуваме сите потребни документи. Значи преку Министерството за внатрешни, Министерството за правда – сите документи се обезбедени и доставени до ИНТЕРПОЛ. Тие се уште вршат некакви испитувања за тоа дали потерницата ги исполнува критериумите за објавување на ИНТЕРПОЛ“, вели Оливер Спасовски, Министер за внатрешни работи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

,,Мислам дека ако не излезеше написот на Геровски, никогаш, ама баш никогаш немаше да биде уапсен Боки, никогаш немаше да биде откриена аферата ,,Рекет“.

ЛУПЕВСКА: “Ако не излезеше написот на Геровски, никогаш немаше да биде откриена аферата ,,Рекет”

Лупевска призна дека добила покана Бојан Јовановски, таа и нејзината екипа од емисијата...

Организациите на македонската дијаспора за 8 Септември најавуваат протести пред македонските амбасади во Камбера и Париз.

БОЈКОТ: Maкедонската дијаспора во Австралија се подготвува за бојкот на празнувањето на 8 Септември!

Нема да присуствуваме на традиционалната церемонија на кревање на македонското знаме...