Ременски вчера по излегувањето од Обвинителството, каде вршеше увид на доказниот материјал против неа за овој случај, рече дека видела сè, освен докази.

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 декември, 2019 10:27

Ременски: Нема да молчам за ништо

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пратеничката и потпретседател на Собранието, Фросина Ременски пристигна во Обвинителството каде пред  обвинителката Русковска и денес ќе дава исказ за судскиот процес со случајот „Меѓународен сојуз“.

– Јас никогаш не молчам за ништо, рече Ременски при влегувањето во Обвинителството.

Ременски вчера по излегувањето од Обвинителството, каде вршеше увид на доказниот материјал против неа за овој случај, рече дека видела сè, освен докази.

– Јас го остварувам моето право согласно законот. Не би коментирала за доказите бидејќи тоа е надлежност на институциите. На сите прашања ќе одговорам кога ќе дадам исказ пред Обвинителство, рече Ременски одговарајќи на новинарско прашање.

Фросина Ременски вчера по втор пат вршеше увид на доказите по што рече дека видела се освен докази и за медиумите изјави дека немало нејзин потпис на ниту еден документ доставен како доказ во Обвинителството.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Граѓаните реагираат дека секое пазарување се соочуваат со ново ценовно изненадување. Тоа го покажа и статистиката инфлацијата скокна за 16 отсто на годишно ниво

Македoнскиот леб е меѓу најскапите во регионот, цените и понатаму растат

Цената на лебот продолжува да расте. Одредени видови на леб деновиве се со повисоки...

Снимката на која се гледаат огромни колони автомобили на Крим, украинскиот полуостров анектиран од Русија во 2014 година, стана вирална на социјалните мрежи.

СВЕТ Руските цивили масовно го напуштаат Крим: Овде беше толку убаво

Како што пренесува британски Телеграф, во автомобилите кои создале голема гужва се...