Ременски по распитот изјави дека ќе помогне за целосно расчистување на случајот и ќе соработува со обвинителството.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 октомври, 2019 11:35

Ременски: Не чуствувам вина за Рекет и нема да поднесам оставка

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото Курир.мк

Откако помина еден час на распит во Кривичниот суд за случајот Рекет осомничената пратеничка Фросина Ременски за новинарите изјави дека не чувстува вина за проширената истрага во која таа е осомничена дека со својот авторитет оставила впечаток дека зад проектите на Меѓународен сојуз стои извршната власт.

Фросина Ташевска Ременски (22 февруари 1977 во Крива Паланка) — македонски политичар и поранешен министер за труд и социјална политика на Македонија. На оваа функцијата стапила на 12 ноември 2015 година, по договорот од Пржино.

Ременски по распитот изјави дека ќе помогне за целосно расчистување на случајот и ќе соработува со обвинителството. Откако вчера обвинителството соопшти дека е прошилена истрагата на уште четири лица, многумина удрија по нејзината функција велејќи дкеа редно е да даде оставка, но Ременски денеска пред новинарите изјави дека нема намера да поднесе оставка од функциите се додека не се докаже нејзината вина.

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за Ременски бара мерки на претпазливост, дали ова барање ќе биде прифатено Кривичниот суд ќе информира во текот на денот

Обвинителката Вилма Рускоска вчера вечер изјави дека за пратеничката Фросина Ременски се преземени мерки на претпазливост. Таа објасни дека за Ременски, како и за другите осомничени во проширената истрага од предметот Рекет, рече дека се барани само мерки за претпазливост: одземање на пасош, забрана за напуштање на престојувалиште, и еднаш неделно да се јавуваат во судот. Најави дека другите осомничени утре ќе дојдат да дадат исказ во судот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Очигледно неговата лична проценка е дека ова е последен момент кога би можел да состави некаква приказна, колку и таа да звучи неубедливо, за да побара таква помош.

ГРУЕВСКИ: Заев е криминоген и неспособен марионетски премиер, со изборите тој бара “сламка за спас”

Вистинската причина заради која Заев се одлучи на брзи избори по неуспехот со почетокот...

Во очи самитот во Брисел, Заев ги предупреди лидерите на земјите членки во ЕУ дека владата ќе падне доколку и овој пат не добиеме датум за преговори.

Заев во 12 часот ќе се обрати до јавноста- ЌЕ ПОДНЕСЕ ЛИ ОСТАВКА?

Денеска во 12 часот премиерот Зоран Заев денеска ќе се обрати до јавноста за прв пат...

Денарите треба да ја добијат придавката по отворањето на поглавјето 17 кое ја опфаќа економската и монетарната политика, но Народната банка веќе склучи договор за печатење нови 10 и 500 денарки со новото име.

Без датумот, половина од потшишаниот Преспански договор не треба да важи

Македонија се истрча и спроведе речиси сè од Преспанскиот договор и тоа пред време,...

Наводно како што пренесува ин7, Спасовски ќе ја предводи владата до претстојните парламентарни избори, кои се очекува да бидат распишани во наредните денови.

Оливер Спасовски седнува на премиерската фотелја?!

На местото на Зоран Заев ќе седне сегашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски...