Преговорите меѓу фудбалерот и управата на англискиот тим не вродија со плод

Објавил: Данаил Михајловски | 27 септември, 2018 16:00

Ремзи си оди од Арсенал

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Преговорите помеѓу фудбалерот, Арон Рамзи и раководството на Арсенал за нов договор не завршија успешно и Велшанецот сигурно ќе го напушти клубот во јануари, или на крајот на сезоната.

Договорот на Рамзи истекува на крајот на сезоната, но за да потпише нов договор со тимот од Лондон раководството на клубот ќе треба да му ги исполни големите финансиски побарувања кои ги поставил играчот.

Арсенал во летниот преоден рок одбил понуда од 50 милиони фунти за Рамзи, а сега може да го загуби фудбалерот без обештетување.

Англиските медиуми пренесуваат дека Рамзи донел конечна одлука и сигурно ќе го напушти Арсенал, а ќе биде слободен да преговара со заинтересираните клубови уште во јануари.

*Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фудбал

Реконструкцијата и изградбата на стадионот во Битола е започната, во Прилеп е во почетна фаза, па со оваа одлука објектите само ќе останат на забот на времето да се уништат

Скопски Чаир со нов стадион, Битола и Прилеп ќе почекаат

Фудбалската федерација на Македонија со поддршка од УЕФА и програмата за развој, официјално...