Котевски ќе остане запаметен како голем спортист, кој ќе остави траги во историјата на спортот во Македонија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 јуни, 2020 9:43

РЕСЕН ЗАВИЕН ВО ЦРНО: Почина Котевски за чие оздравување се бараше крвна плазма

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Вчера по долга борба со коронавирусот животот го загуби 40 годишниот Илче Котевски од Ресен.

Оваа тажна вест беше соопштена на социјалните мрежи од ракометниот клуб РК Преспа каде тој беше претседател.

Котевки почина вчера вечер во скопската градска болница 8-ми септември.Тој боледуваше од Ковид19, а за неговото заздравување на социјалните мрежи се бараше крвна плазма што за него донираше докторот Мирослав Бошковски.

Се боревме колку што можевме, ни требаше затоа што беше прекрасен човек, спортист и активист, секогаш насмеан, весел,с екогаш дружељубив. Не успеавме да ја победиме опаката болест. .Жалоста е многу голема пријателе и секогаш ќе бидеш во нашите спомени“, се вели последниот поздрав објавен во групата. 

Котевски ќе остане запаметен како голем спортист, кој ќе остави траги во историјата на спортот во Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Тој што ќе донесе одлука децата да се вратат во училишните клупи треба да биде сигурен дека нашите образовни институции имаат капацитети и ресурси

Героски: Не експериментирајте со здравјето на нашите деца, нема да ви биде простено!

Сигурен сум дека нема родител на дете на училишна возраст којшто не сака неговото најмило...

Организатор на маратонот е пливачки Клуб ВАРДАР 2018, а воедно ова е првиот Крушевски Маратон “Тоше Проески” и натпревар организиран во Крушево.

Во недела во Крушево ќе се одржи првиот пливачки маратон „Тоше Проески“

На 9-ти август во 11 часот на Крушевско Езеро за прв пат ќе се одржи маратон во пливање....

ОНА командантот имаше приложено психијатриска потврда до надлежните од инвалидската служба во Луцерн, која потврдуваше работна неспособност, поради боледување од параноидна шизофренија. Истата е потврдена и од Швајцарскиот суд.

Ахмети во Швајцарија примал инвалидска пензија за параноидна шизофренија?

Имено се до моментот кога отпатува на македонскиот фронт 2000-та година, иако се смета...