„Во моментов во болницата во Гевгелија хопситализирани се само две бебиња, поради возраста, а околу 20 деца се на терапија, но истите не се задржани во болница.

Објавил: Владо Марин | 9 јули, 2021 6:07

Респираторна инфекција кај 50 деца и бебиња од Гевгелија, лекарски тим од Скопје дополнително ќе ја испитува состојбата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во моментов во болницата во Гевгелија хоспитализирани се само две бебиња, поради возраста, а околу 20 деца се на терапија, но истите не се задржани во болница, пренесе 360.

Вкупно 50 деца и бебиња од Гевгелија во изминатиов месец побарале лекарска помош во локалната општа болница. Како што информира Министерството за здравство, симптомите на респираторната инфекција не се типични за овој период од годината.

Во текот на утрешниот ден тим од Клиниката за педијатрија, во состав д-р Аспазија Софијанова, д-р Весна Мицевска и д-р Валентина Јовановска Огненовиќ ќе бидат упатени во општата болница во Гевгелија, за поддршка на педијатрите и евентуални дополнителни испитувања во делот на специфична дијагностика.

„Во моментов во болницата во Гевгелија хопситализирани се само две бебиња, поради возраста, а околу 20 деца се на терапија, но истите не се задржани во болница. Општата болница во Гевгелија досега ги има преземено сите здравствени протоколи за третман на младите пациенти, но поради неспицифичноста на самите инфекции кои се појавиле во топлиот период, а карактеристични се за есен и зима, потребни се дополнителни анализи и по завршувањето на истите јавноста ќе биде информирана“, информираат од Министерството за здравство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Потенцираат дека во моментов 1.112 пациени со тешки симтоми се лекуваат во ковид одделенијата, околу 30 пациенти се на респиратор, а близу 700 се на кислородна маска.

Директорите на сите ЈЗУ со писмо до Заев: Не ја прифаќаме оставката на Филипче

Директорите на Јавните здравствени установи во земјава испратија писмо до премиерот...

Според нашите сознанија компанијата Фајзер е најдалеку отидена во овој дел, изјави Филипче во вчерашното гостување во дневникот на Сител.

Засега препорака за трета доза само од една компанија, вели Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче информира дека засега само американската агенција...