Владата продолжува да го турка процесот за промена на уставното име на Република Македонија преку кршење на законите и Уставот

Објавил: Перо Милчин | 8 ноември, 2018 16:18

Референдумската одлука на граѓаните да се почитува

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната собраниска Комисија за уставни прашања истакна дека иако референдумот за Договорот од Преспа беше неуспешен, сепак Владата продолжува да го турка процесот за промена на уставното име на Република Македонија преку кршење на законите и Уставот.

,,Одлуката на референдумот со која што ДИК констатираше дека е неуспешен е објавена во Службен весник и истата мора да биде задолжитела за сите органи и институции во државата, вклучително и за Владата и пратениците во Собранието на Република Македонија. Фактот дека овие инститции не ја почитуваат волјата на граѓаните и не го почитуваат сувернитетот кои што призлегува и им припаѓа на граѓантите, покажува уште еднаш на суровиот факт со каква власт си имаме работа, незаконие и дивеење во системот како главна одлика на нивното владеење‘‘, кажа Мицевски.

Тој посочи дека премиерот и неговите соработници или не знаат или не им е грижа тоа што согласно меѓународното право, правниот идентитет на државата е инхерентно поврзан со суверената и независна волја на граѓаните.

,,Сметам дека треба да размислувате за еден амандман доколку веќе мислите да ја водите целата работа до крај и да дојде до промена на името да имаме заштита не само во уставниот закон, туку и нацрт амандман на Уставот што ќе значи зашитата доколку од било која причина договорт не помине во Грција. Потценувачки и понижувачи е сами да бараме промена на нашето име. Договорт доколку не влезе во правна сила во Грција како што беше случајот со времената спогодба, ќе направи проблем и потоа ние ќе бидеме замјата која што сама решила да се самоукинеме‘‘.

Република Македонија онаква каква што ја знаеме нема да постои понатака, апелираше на крајот Мицевски до колегите пратеници.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.