По лидерската средба денес нова за онаа од вчера

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 јули, 2018 9:25

Референдум без обврзен правен ефект е исто што и лански снег!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Македонска политика – жива патетика резимирано би била констатација по вчерашната лидерска средба на која Заев за прв пат беше јасен. Референдумот ќе е консултативен а референдумското прашање ќе гласи “Дали сте за ЕУ и НАТО – со прифаќање на Договорот со Грција”. 

Практично Референдумското прашање нема да ги опфати сите правни промени кои ќе следат на Уставот а за кои Заев и Ахмети ќе тврдат дека граѓаните го кажале и своето мислење.

По Устав и Закон за Референдум истиот на државно ниво може да се распише за прашања што треба да се уредат со закон [ т.н. претходен референдум ] или за преоценување на закон што претходно е донесен [ т.н. дополнителен референдум ] и тоа беа 2-те опции затоа што Заев еднаш ја исклучи опцијата консултирање на граѓаните [ т.н. референдум за консултирање ]  од причина што неговиот исход нема обврзен карактер во правниот систем на Македонија но вчера по извесниот бојкот повторно го смени мислењето.

Сега веќе не е ни битно дали излезеноста на електоратот ќе го надмине цензусот – Референдумот ако остане консултативен е успешен и пред да се одржи. 

Значи ќе се гласа “за” или “против” неуставен закон кој правно го менува името на државата а со тоа и Уставот а го негира постоењето на Македонската нација но крајниот исход веќе не е толку битен затоа што мислењето на народот само ќе се констатира но не и имплементира. Иако законот е во ќор сокак бидејќи не е правно стапен на сила па технички не е ни прашање кое треба да се утврди со закон но не е ни прашање за преоценка на закон што претходно е донесен.

Вчера Заев со ова јасно стави до знаење дека народот само ќе може за ден да помисли дека нешто решава а главниот збор ќе го има извршната и законодавната власт каде тој и Ахмети со помош на Талат Џафери молскавично брзо ќе го поминат имплементирањето на Договорот со Грција.

Заев впрочем не е подготвен да го праша народот она што во суштина е Договорот со Грција – “Дали сте за промена на името на Република Македонија во Република Северна Македонија” и тоа е политичка игра на тенка жица каде влог е неговата политичка кариера во целост без разлика на последиците по Македонците и Република Македонија.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.