Живот
Рецепти
Може ли некој да одолее на ова малослатко задоволство. Ова топло- ладно колаче со цврста обививка и течна, чоколадна внатрешност е врвот на сите десерти.
Се служи топло, веднаш извадено од рерна а се сервира со топка сладолед најчесто од ванила. Можеби не сте знаеле но овој десерт настанал во 1981 година од рацете на францускиот шеф Michel Bras кој овој колач за прв пат го подготвил во својот ресторан.
Ние го имаме најдобриот рецепт за топло- ладно колаче во домашни услови.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
100 гр темно чоколадо (70% какао маса)
100 гр путер
100 гр шеќер во прав
50 гр брашно, просеано низ сито или цедалка
3 јајца
рендана кора од портокал(по желба)
сладолед
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Најпрво загрејте ја рерната на 200 целсиусови степени. Во сад на пареа растопете ги путерот и чоколадата. Откако ќе се растопат, додадете го шеќерот. Мешајте полека со дрвена лажица додека да се растопи шеќерот, а потоа со нежно мешање ставете ги брашното, и едно по едно додавајте ги јајцата. Ставете ја кората од портокал, ако ја користите. Ставете ја смесата во претходно намачкани керамички садови со растопен путер. Не ги преполнувајте садовите, затоа што нема убаво да се извадат. Печете ги колачињата 10 до 12 минути. Оставете малку да се оладат и извадете ги.
Сервирајте со топка сладолед, по желба. Добар апетит!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Најчитани вести




Останати вести од Рецепти
Најнови вести
Промоција
Тикер вести
You must be logged in to post a comment.