Јосип Броз Тито, имал свој омилен десерт кој го добил името претседателски колач

Објавил: Катерина Крстиќ | 1 мај, 2019 13:09

Рецепт за омилениот колач на Тито- еве кој десет му бил омилен

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Доживотниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, имал свој омилен десерт кој го добил името претседателски колач, а на некои мениа може да се сретне и како Титов колач.

Овој едноставен колач бил омилен десерт на Јосип Броз Тито

Потребни состојки:

За пандишпан:

4 жолчки

200 грама шеќер

5 лажици изладено кафе

100 грама мелени ореви

5 лажици брашно

3 лажици масло за јадење

1 кесичка прашок за печење

Шлаг подготвен од  4 белки

Фил од млеко:

400 мл млеко

5 лажици брашно

2 жолчки

Фил од маргарин:

230 грама маргарин

10 лажици шеќер

100 грама растопена чоколада за готвење

1 кесичка ванилин шеќер

Начинот на подготовка е следниот:

Најпрво во еден сад се одвојуваат белките од жолчките, а потоа во белките додадете 100 г шеќер. Потоа измиксајте со миксер во цврста шлаг пена.

Во одвоените жолчки се додаваат 100 г шеќер и повторно миксирате. Потоа во изматените жолчки се додаваат 5 лажици ладно кафе, 100 гореви, 5 лажици брашно, 3 лажици масло, 1 прашок за печиво и смесата од белки.

Откако ќе се соединат сите состојки се меша со лажица, но внимателно како смесата би останала воздушеста. Ставете во поголема тава да се пече во загреана рерна на 200 степени.Печете околу 20-25 минути.

Начин на подготовка за фил:

Фил 1: Во 400 мл млеко додадете 5 лажици брашно и 2 жолчки и гответе со постојано мешање додека да згусне. Оставете целосно да излади.

Фил2: во 230 г путер на собна температура додадете 10 лажици шеќер, 100 г топено чоколадо и 1 ванилин шеќер. Пенасто изматете и спојте го со првиот фил.

На крајот на изладениот колач се нанесува филот и одозгора се премачкува со шлаг пена.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Рецепти