Злонамерни поедници прават хајка против мене за наводна зголемена смртност на Клиниката за детски болести вели директорот Реџеп Мемеди.
Злонамерни поедници прават хајка против мене за наводна зголемена смртност на Клиниката за детски болести вели директорот Реџеп Мемеди, кој иако не откри за кого станува збор, рече дека тоа го правеле поединци кој имале лични интереси и болна намера за власт и позиција. Денешната прес конференција следи откако на клиниката во последниве два месеци починаа 3 деца, за што Мемеди вели во случајот со бебето од Струмица нема утврдени пропусти, а за другите два случаи постаките се во тек, доколку се утврди одговорност ќе има.
По изврешните надзори на клиниката една од клучните забелешка на ДСЗИ беше во однос на организацијата, односно во делот на дежурствата, каде ангажирале само специјализанти, за што директорот уверува дека проблемот ќе се надмине, но недостасувал кадар.
„Само во едниот случај има стручни забелешки за кој јас сум превземал мерки и ќе има индивидуална одговорност и веќе има, во вториот случај за новородентоо од Струмица наодот тврди дека нема пропусти. За последниот случај наредната недела ќе има стручен надзор. “-изјави Реџеп Мемеди – директор на детска клиника.
Освен пробелмот со персоналот, Мемеди вели клиниката се соочува со голем број инфраструктурни, наталожени проблеми, кој ги оквалификува како серизони. Во случај на пожар на горните катови од клиниката, вели ќе нема вода за гасење, бидејќи пумпите за вода не се во функција или се во дефект, под знак прашалник е и храната која им се давала на децата и бебињата, лифтовите не се во функција, а клиниката, вели тоне и во отпад.
„Со простории кои се руинирани замислете во вакви простории на Детска клиника со години се спрема храна за деца…. Една од тие пумпи е хидрофор која обезебедува висок притисок за високите псратови во случај на пожар, и таа пумпа од 2018 е надовр од употреба и во случај на пожар ние немаме притисок на вода за гасење пожари…..Ние сме натрупани на детска клиника од сите страни со оптад… “–изјави Реџеп Мемеди – директор на детска клиника.
Инаку за случајот со 14 месечното бебе судот на честа при лекарската комора ја испитува фактичката состојба за причините за смртта и по што ќе донесе одлука кои мерки треба да се превземат.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.