На новинарско прашање дали се прави попис на предметите во СЈО и што ќе се случи со обвинителите и истражителите, обвинителката одговори дека за сите прашања поврзани со предметите ќе испратат соопштение во текот на денот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 септември, 2019 10:53

Ристовска: СЈО е се уште живо и има мандат до 2020 година

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пред денешното рочиште за предметот „Талир“ обвинителката од СЈО Ленче Ристовска истакна дека СЈО е се’ уште живо, пишува А1он.

СЈО досега има отворено десетици истраги и подигнато обвиненија против бројни политичари и државни функционери.

На новинарско прашање дали се прави попис на предметите во СЈО и што ќе се случи со обвинителите и истражителите, обвинителката одговори дека за сите прашања поврзани со предметите ќе испратат соопштение во текот на денот.

Ленче Ристовска истакна дека СЈО има мандат до 2020 година и истакна дека покрај иднината на обвинителите се грижат и за сите вработени додавајќи дека се надева на што поскоро пронаоѓање решение за обвинителството. 

Во текот на денешниот ден се очекува СЈО да соопшти за понатамошните чекори откако вчера го доби дописот од државниот јавен обвинител Љубомир Јовески за префрлање на предметите.

за потсетување, СЈО беше формирано на 15 септември 2015 со усвојувањето на Законот за формирање на ова обвинителство и со изборот на Катица Јанева за Специјален јавен обвинител од страна на Советот на јавни обвинители на РМ. СЈО има мандат од пет години, кој може да се продолжува со двотретинско мнозинство во Собранието. Неговата главна задача е да ги истражува и гони можните злоупотреби кои произлегуваат од прислушкуваните материјали во периодот од 2009 до 2015 година. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Факт е дека низ целата наша историја овде виреел и се негувал еден мултиетнички и мултиконфесионален општествен концепт, кој токму на овие македонски простори се покажал како најодржлив.

Кој и зошто го нуди концептот за „македонска политичка нација“?

Дефинициите за нација речиси во сите енциклопедии започнуваат со констатацијата дека...

Од досега спроведените мерки и активности на МВР за борба против уличното дилерство во текот на изминатите два месеца на територијата на Македонија запленети се вкупно околу 22 килограми марихуана

ДРОГА, АПСЕЊА И КОРУПЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Полициска акција на 54 локации во 24 градови(видео)

Во координирана полициска акција на 54 локации во 24 градови пронајдени и одземени се...