Министерство за спорт

Објавил: Калина Мартинска | 9 октомври, 2024 14:59

Ристовски: Спортските легенди се откажаа од рекламирање обложувалници, казина и брзи кредити (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Македонските спортски легенди се откажаа од рекламирање компании кои приредуваат игри на среќа или брзи кредити, изјави министерот за спорт Борко Ристовски на денешната прес-конференција по повод 100 дена Влада.

Во една негова изјава дадена пред извесен период, тој ги искритикува истакнатите спортисти што се претставуваат како лица на компании од овој тип.

„Немаме ништо против било која компанија да финансира клуб или федерација. Но, не сакаме истакнатите спортисти како личности да се истакнуваат во реклами за казина, за кладилници и брзи кредити. Нашата замерка е во таа насока.

Постигнавме еден џентлменски договор дека Горан Пандев повеќе нема да рекламира спортска кладилница. Игор Стефановски-Иџе исто така повеќе нема да рекламира, а на Кире Лазаров му заврши договорот со компанијата и нема да го продолжи. Мислам дека многу набрзо овие личности ќе ги видите од другата страна, како промовираат вистински вредности“, нагласи Ристовски.

Ристовски исто така појасни дека не е проблематично што овие компании сакаат да финансираат во спортот, односно во клубовите или федерациите, но смета дека не им доликува на нашите легенди да бидат дел од ваквите реклами.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.