На прес-конференцијата, закажана во 13 часот, ќе се обрати претседателот на РКЕ Марко Бислимоски кој ќе ги презентира одлуките од денешната седница во врска со цената на топлинската енергија.

Објавил: Сара Фемина | 29 јули, 2022 10:14

РКЕ ќе ја објави новата цена на парното греење во Скопје

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ја објави новата цена на парното греење во Скопје која ќе важи од 1 август.

На прес-конференцијата, закажана во 13 часот, ќе се обрати претседателот на РКЕ Марко Бислимоски кој ќе ги презентира одлуките од денешната седница во врска со цената на топлинската енергија.

Денес е закажана главна седница на која ќе се најдат предлог-одлуките за цените на топлинската енергија во Градот Скопје. По седницата, претседателот Бислимовски ќе ја информира јавноста за донесените одлуки. Новите цени ќе бидат на сила од 1 август, изјави за МИА портпаролката на РКЕ,  Марина Узнов.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести