Дедото и бабата на американскиот претседател Доналд Трамп кои се по потекло од Словенија, се сега граѓани на САД. Родителите на Меланија Трамп во четвртокот во Њујорк поднесоа заклетва за натурализација, објави нивниот адвокат Мајкл Вајлдс.
Тој не даде никакви информации во врска со условите под кои тие добија американско државјанство.48-годишната прва дама дојде во САД како модел и е американски државјанин од 2006 година.
[ngg_images source=”galleries” container_ids=”14″ display_type=”photocrati-nextgen_pro_mosaic” row_height=”180″ margins=”5″ last_row=”justify” lazy_load_enable=”1″ lazy_load_initial=”35″ lazy_load_batch=”15″ display_type_view=”default” ngg_proofing_display=”0″ captions_enabled=”0″ captions_display_sharing=”1″ captions_display_title=”1″ captions_display_description=”1″ captions_animation=”slideup” order_by=”sortorder” order_direction=”ASC” returns=”included” maximum_entity_count=”500″]
Нејзините родители Виктор и Амалија Кнавс добија т.н. Зелени картички во февруари минатата година, односно статус на постојан престој. Зелената карта може да помогне при апликација за натурализација.
Како родителите на Меланија стигнаа до зелените картички, сепак, сè уште е нејасно. Можно е дека тие го добиле овој статус како родители на имигранти. Ова тогаш ќе биде „повторно обединување на семејството„ иако Трамп во неговата кампања најави дека не сака така лесно да се интегрираат (добивање на Државјанство) членови на семејството во контекст на неговата имиграциона реформа?!
Неговиот план е да се ограничи повторното обединување на семејството на брачните другари и ситни деца.
Виктор и Амалија Кнавс се пензионери. Порано продавач автомобили, а таа работела во фабрика за текстил. Тие поминуваат многу време во САД за да поминат време со својата ќерка и внук Барон.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.