Сите ќутат околу „акцијата“ за отстранување на роднините на хоспитализираните пациенти.

Објавил: Македонка Димкин | 12 септември, 2021 22:23

Роднините загрижени: Кој ќе се грижи за болните? Отстранети роднините

Фото/Текст извор: ©ТВ21

Роднините загрижени: Кој ќе се грижи за болните? Отстранети роднините на хоспитализираните пациенти во Тетово
Откако се дозна дека во ковид центарот во Тетово имало роднини кои се грижеле за хоспитализираните, синоќа болницата презеде мерки, отстранувајќи ги роднините на заразените. Ова ни го потврди и овој граѓанин со кој разговаравме, а за чија мајка се грижела неговата сопруга.

„Во моментов ја чекам сопругата да излезе од болница, бидејќи ме повика и ми кажа дека дошол некој од управата, не знам, и им рекле да си одат дома. Значи до денеска ја чуваше жената, денеска треба да си дојде дома, волку доцна навечер, јас, добро, ќе ја земам, но дали ќе има сестра која ќе седи покрај мајка ми 24 часа за да и го менува кислородот, на секои, 3, 5 или 20 минути. Јас се плашам за животот на мајка ми, како секое дете.“, рече граѓанин.

Колку што му е познато и тоа што го вознемирува најмногу е недостигот на медицински персонал за цело време да се грижи за пациентите.

-Дали го зголемија бројот на персонал или не?

„Не, како што вели сопругата, според мене, јас ви кажав дека нема доволно персонал, ова е непобитен факт, но има решение и за тоа, зошто не донесат практиканти, зошто не им дадат околу 150 или 200 евра, или колку што можат, за стимулација на школувањето, бидејќи има млади, има практиканти кои можат да ја завршат работата.“.

ТВ21 се обиде да добие став од координаторот и другите вработени во Ковид центарот во Тетово, но не одговорија на повиците за да ни кажат нешто околу „акцијата“ за отстранување на роднините на хоспитализираните пациенти.

Здравствените власти постојано негираа дека во болницата роднините им стојат над глава на пациентите. Дури кога ќе беа прашани за ова, од ковид центарот на Тетово велеа дека немаат таква информација. Ова се дозна после пожарот во модуларната болница, каде меѓу 14 жртви, 2 не беа пациенти туку роднини кои се грижеле за своите блиски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

-Сите знаеме дека државата не градеше со одобрение за градба на статики, како што се градат сите болници.

Заев: Болницата во Тетово беше без дозвола за градба, и што сега, да се посипеме со бензин и ние да се самозапалиме?

На новинарските прашања за начинот на изградба на модуларната болница во Тетово премиерот...