Тие побараа одговор за нивните блиски, во надеж дека не се меѓу жртвите кои го загубија животот во стравотната трагедија, пренесе тв21.

Објавил: Рејхан Бајрами | 23 ноември, 2021 19:21

Роднините пред агенцијата „Беса транс“ во Скопје – бараат одговор за нивните блиски

Фото/Текст извор: ©тв21/магазин

Рано утрово роднините дојдоа пред агенцијата „Беса Транс“ во Скопје. Пред вратите беа распоредени полициски сили, а агенцијата беше затворена.

Тие побараа одговор за нивните блиски, во надеж дека не се меѓу жртвите кои го загубија животот во стравотната трагедија, пренесе тв21.

„Тука сум поради синот на чичко ми. Сѐ уште немаме точна информација, сѐ уште чекаме.  Тој е водич таму… Во тешка состојба сме, не можеме да зборуваме“, вели роднина.

Роднина: Сопругата и сопругата на брат ми.
Н.: Ви потврди некој нешто?
Роднина: Беа во автобус, ги видовме имињата на оние кои беа во автобус.
Н.: Од компанијата немате никаков одговор?
Роднина: Не не, сѐ уште ништо. Не се јавуваат ниту на телефон.

Се обиделе да стапат во контакт со претставниците на агенцијата и преку телефон, но безуспешно.

„Утрово тргнав за на работа кога ја видов веста на Фејсбук. Од моментот кога ја видовме веста веднаш се сетив дека таму е мојот братучед. Почнавме да се интересираме, речиси 4-5 часа немаме никаква информација. Го побаравме бројот на сите агенции на „Беса транс“, но не се јавуваат на телефон“, вели роднина. 

Многумина кои немаат никакви информации за нивните блиски, се упатија кон Бугарија за одблиску да дознаат што се случува со нивните роднини.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Утринава бил сослушан и сопственикот на превозната фирма „Беса Транс“ и тој е достапен за македонските истражни органи, соопштија од македонското и од бугарското обвинителство. Дали за него ќе следува мерка притвор, ќе одлучува надлежниот јавен обвинител.

Соптвеникот на „Беса транс“ бил на распит, бугарското обвинителство најави расчистување на случајот

Државното јавно обвинителство денеска ги предаде на бугарското обвинителство материјалите...

Министерот за транспорт и врски, Бочварски откри и дека автобусот на Беса Транс користел извод од лиценца на друг автобус, а попладнево кажа дека ниту еден од возачите кои го управувале автобусот на „Беса Транс“ кој изгоре, не бил вработен во компанијата

ТРАГЕДИЈАТА СО „БЕСА ТРАНС“ ОТКРИВА И ГОЛЕМИ СИСТЕМСКИ ПРОПУСТИ ЗА ПРЕВОЗНИЦИТЕ ВО ДРЖАВА

Владата како најодговорна за изнаоѓање на фирма која ќе се грижи за софтверот за полагање...