Луксузниот објект се наоѓа на два километри од Колосеумот, а изнајмувањето, кога станува збор за прослави, чини приближно сто илјади евра на ден. Имајќи предвид дека домаќините правеле прослава три дена, само за неа потрошиле 300.000 евра.

Објавил: Катерина Крстиќ | 1 октомври, 2020 10:41

РОМСКА СВАДБА ОД 650.000 ЕВРА: Цеца и Лукас заработија во време на корона- еве колкав хонорар зедоа!

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs/ Lj. Stanišić - J. Stuparušić/ Foto: Nemanja Nikolić, Damir Dervišagić

Фотографии од ромска венчавка во Рим, каде што пееја некои од најголемите поп-имиња како Цеца Ражнатовиќ и Аце Лукас, ги преплавија социјалните мрежи. Со денови се зборуваше за тоа колку пари инвестирале семејствата на младенците во гала прославата во една од најлуксузните вили во италијанската престолнина, а според информации на српските медиуми, домаќините дале околу 650 000 евра.

Луксузниот објект се наоѓа на два километри од Колосеумот, а изнајмувањето, кога станува збор за прослави, чини приближно сто илјади евра на ден. Имајќи предвид дека домаќините правеле прослава три дена, само за неа потрошиле 300.000 евра.

 

Вилата е изградена од венецијанско благородно семејство во 1837 година во неокласичен стил и се смета за една од најлуксузните во главниот град. Има неколку нивоа, десет свечени сали за прослава, од кои најголемата собира 500 гости. Најголемата има огромна тераса на која исто така се поставени маси и столови, а оттаму има неверојатен поглед на целиот Рим, каде што ја организираа венчавката.

Храната е вклучена во оваа цена, а вилата има свои готвачи и угостителство, кои, во договор со младенците, одлучија што би било најдобро. Извор на српски Курир кој присуствуваше на венчавката вели дека немало српски специјалитети, и  дека фокусот бил на италијанската храна.

Покрај пастите по кои се препознаваат, а кои беа над 20 видови, во менито беа и канапе, разни видови сирење, специјалитети од тесто, супи, чорби, морски плодови, салати, равиоли, рижото, аранчини, како и специјалитети од месо карактеристична за ова поднебје на Италија.

Кога станува збор за десерти, имало голем избор – позната канола, италијански занаетчиски сладолед, чизкејк, тирамису. Сепак, најголемо внимание привлече тортата на дури пет ката, со посебен шлаг и украси, чија вредност беше околу 15 000 евра.

Не се штедело ниту на музика. Цеца и Лукас зеле по 50.000 евра за настап, сепак, договорот со домаќините, освен за Цеца која пред време го зела хонорарот, да им се плаќа со бакшиш.

Покрај неа и Лукас, пееше и Јана Тодоровиќ, која зеде 30.000 евра, додека Кеба, Енес Беговиќ и Шериф Коњевиќ собраа по 20.000. На Александра Бурсац и Надица Адемов им беа исплатени по 15.000 евра. Секако, вклучени се и платени авионски билети и сместување во луксузен хотел.

Венчавката ја организирала агенцијата за венчавки, која наплатила 20.000 евра за нејзината работа. Двапати повеќе отидоа на украс, а платено беше сместување на гости кои дојдоа од целиот свет.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интересно

За неа се знаеше дека црната коса и црвениот кармин ѝ се заштитен знак. Низ годините не ја менуваше бојата на косата.

(ФОТО)Како 20-годишна девојка: Зорица Заева преполовена и со нов младешки стил

Сопругата на премиерот Зоран Заев, Зорица Заева изгледа непрепознатливо а и за неколку...

Младиоот крушевчанец кој е популарен кај девојките добива одлични коментари за песната на Јутјуб. „Кристијан, имаш преубава боја на глас и браво, браво, браво за песната!

ДАЛИ ЌЕ ГО ПРЕПОЗНАЕТЕ: Ова е Христијан внукот на Тоше Проески- има 22 години и крши женски срца, ДАЛИ ЛИЧИ НА НЕГОВИОТ ВУЈКО?

Внукот на Тоше Проески, Кристијан Ристески беше во основно училиште кога го загуби...

Парот ја својот Јутјуб канал објави видео на кое се гледа како Луна му ја соопштува веста на својот партнер, по што следеа низа честитки и објави на Инстаграм.

Луна Џогани е БРЕМЕНА: Еве како реагираше Марко кога дозна дека ќе стане татко (ВИДЕО)

Познатиот српски пар Луна Џогани и Марко Миљковиќ вчера откри дека го очекуваат своето...