Роналдо и адвокатот на Мајорга во јануари 2010 година потпишале договор според кој таа добила 325.000 евра за да не почне правна постапка.

Објавил: Македонка Димкин | 8 октомври, 2018 14:45

Роналдо и платил на Мајорга за да молчи?

Фото/Текст извор: ©derspiegel / екипа.мк

Германскиот магазин „Der Spiegel“ ја продолжува серијата текстови за Кристијано Роналдо објавувајќи уште еден компромитирачки документ поврзан со случајот за силувањето на поранешната манекенка Kathryn Mayorga  од 2009 година.

Откако беше објавен транскриптот од неговата изјава пред адвокатите во која се зборува дека Мајорга во текот на сексуалниот однос му велела на Роналдо да престане, денеска беше објавен документ според кој Португалецот го „купил“ молчењето на манекенката.

Документот во кој наводно Роналдо ја поткупил Мајорга

Роналдо и адвокатот на Мајорга во јануари 2010 година потпишале договор според кој таа добила 325.000 евра за да не почне правна постапка.

Меѓу документите кои ги поседува, магазинот тврди дека има и медицински извештај според кој Роналдо е заразен со ХИВ вирусот.

По осум години од случајот, Мајорга реши да зборува јавно бидејќи како што тврдат нејзините адвокати, договорот го потпишала во состојба на намалена пресметливост. Полицијата во Лас Вегас каде што се случил инцидентот повторно ја отвори истрагата.

Адвокатката на Мајорга објави и дека се појавила уште една жена кој тврди дека имала слично искуство со Португалецот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Секс

Колку повеќе сте возбудени, толку полесно ќе уживате во сексот. Затоа дајте си време и потполно посветете и се на предиграта додека не бидете доволно влажни и возбудени.

Уживање во сексот со голем полов орган !

Ако сакаме да бидеме искрени, секоја жена би била пресреќна со партнер чија машкост...

Политичарката од Шведска е осудена на шест месечна казна затвор, поради сексуално искористување на мигрант од Авганистан.

СЕКС СКАНДАЛ : Шведска политичарка имала “секс” со мигрант од Авганистан

45-годишна шведска политичарка, член на социјалдемократската партија, во градот Алингсос...